Мимоза Несторова – Томиќ говори за разочараноста од професијата во недостатокот на поддршка при рушењето на „Беко“

За порталот sdk.mk, арх. Мимоза Несторова Томиќ говори за својата разочараност од професијата која недоволно се вложи во спречувањето да се сруши Стоковната куќа „Беко“

Цитирано од изворот:

„Немаме колегијална етика, ниту колегијална култура, вели 95-годишната архитектка Мимоза Несторова-Томиќ, една од најреномираните автори и урбанисти во Македонија. Со Несторова-Томиќ разговаравме за тоа како ја срушија зградата на поранешно „Беко“ во центарот на Скопје, чија авторка е таа, без да ја консултираат, без фелата да ја одбрани, споредувајќи го нејзиниот пример со реновирањето на легендарниот белградски конгресен комплекс „Сава центар“.

Зградата на стоковната куќа „Беко“ почна да се урива во мај 2018, а денес веќе целосно ја нема. Несторова-Томиќ уште тогаш реагираше дека ја урнале со изговор оти имало проблем со конструкцијата.

„Тотално не се во право, оти 6 месеци не можеа да ја срушат. Можеше само пренамена да се направи во духот на проектираната функција“, рече таа. Тоа беше стоковна куќа по теркот на европските кои, вели, сѐуште одлично функционираат во ова современие.

„Ако има потреба за реновирање на фасадата може да помогне архитектот, но не можете да му го рушите објектот и да го негирате објектот затоа што не го сакате архитектот. Од една страна ние сме први сеирџии, а од друга страна тој антагонизам е многу присутен . Колегијалноста ја нема“, ни рече Несторова-Томиќ.“

Детално интервјуто можете да го причитате на порталот sdk.mk >>> 

Насловно фото: Колаж од архивска фотографија од Беко и фотографија на sdk.mk

Дознајте повеќе за Стоковната куќа „БЕКО“ од нашата претходна објава >>>

Стоковна куќа „Беко“ / Несторова – Томиќ