Могила на непобедените / Богдановиќ
26.09.2016 • Фотографија ХХ век / II половина
Локација: Прилеп, Парк на револуцијата
Автор: Богдан Богдановиќ
Година: 1961
Фотографии: Борис Јурмовски, Филип Конески
Извор: Википедија
Могилата на непобедените претставува меморијален комплекс во спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот е изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ.
Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките. Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ.
Во вториот дел се наоѓа криптата – заедничката гробница, каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле животот за ослободување на Македонија. Во периодот 2007-2008 комплексот бил целосно ревитализиран.
На него се испишани имињата на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско, а во криптата се наоѓаат нивните посмртни останки.
Паркот на револуцијата кој се наоѓа на јужната периферија на Прилеп е хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Во спомен на своите паднати борци во НОВ од 1941-1945 година, градот Прилеп го подига монументалниот споменит „Могилата на непобедените“ во рамките на овој Парк.
На кружниот плочник се издигаат осум мермерни урни кои го симболизираат формирањето на партизанските одреди и нивно прераснување на поголеми воени формации.
Паркот на револуцијата за споменик на култура е прогласен во 1989 година. Во состав на споменичкиот комплекс
Во неа на мермерни постаменти поставени се бронзени спомен бисти од десетте загинати Народни херои од НОБ од Прилеп. Кире Гаврилоски-Јане (1918-1944) Илија Игески-Цветан (1920-1944) Орде Чопела (1912-1942) Борка Талески (1921-1942). Кузман Јосифоски-Питу (1915-1944) Мирче Ацев (1915-1943) Борка Велески-Левата (1912-1942) Рампо Левката (1909-1942) Лазо Филипоски-Лазовски (1918-1942) Круме Волнароски (1909-1944)
Автор на статија: marh
Богдан Богановиќ / Могила / НОВ / Прилеп / Скулптура / Споменичко одбележување