MOOD WORKSHOP – Tbilisi Architecture Biennial

Ментори:   Сара Симоска, Илија Стефановски

Rhino expert:  Кристијан Ристоски

Студенти: Тамари Кенчошвили, Анастасија Ристеска,  Доган Чорба, Зизи Адемиа,  Анастасија Радовановиќ,  Наташа Димова, Елена Немсаџе

Изведувачи: Матеа Мијановиќ, Митко Дамјановски, Кирил Величков

Фотографии: Борис Јурмовски

 

Во дворот на основното училиште Петар Поп Арсов во Скопје,  неодамна се постави урбаната интервенција MOOD Workshop од МЕЛЕЕМ Скопје која што е дел од проектот Архитектонско Биенале Тбилиси – „Што имаме заедничко?“

Овој проект е соработка помеѓу четири града: Скопје, Тбилиси, Киев и Берлин. Проектот има за цел да истражи што имаме заедничко помеѓу овие градови, но и што имаме заедничко во јавниот простор?

 

 

Проектот е создаден за време на 7 дневна онлајн работилница каде учествуваа студенти по архитектура од Скопје и Тбилиси. За време на оваа работилница подетално се разработуваше темата MOOD, или какви расположенија јавните простори предизвикуваат кај нас?

 

Интервенцијата која е  резултат на проектантскиот процес, е работена како параметрички дизајн, што е прва примена на истиот во јавен простор во Македонија. Изработката на локација траеше 3 недели, со оглед на сложеноста на проектот.

Проектот е кофинансиран од програмата на Европска Унија Креативна Европа и Министерството за култура на Република Северна Македонија.