Национална установа Центар за култура „Кочо Рацин„- Кичево
21.09.2020 • ХХ век / II половина
Автор(и) на идеен проект: Драган Игнов и Константин Тамбурковски
Автор(и) на основен проект: Драган Игнов, Никола Павловски и Драган Стојковиќ
Година на изведба: 1973-1978
Локација : Кичево
Улица: Александар Македoнски” бр. 60
Материјалот го приложија: Попоски Илија, Дамјаноска Радица, Јаулеска Татјана,
Периодот на 70тите години на XX век , важи за временски сегмент во кој градовите еволуираат и се случува продор на модернистички потези. Културните дејности се одвивале , но немале свој простор. Потребата за да им се обезбеди соодветен простор се задоволува со издавање на барање за изработка на идеен проект , а потоа и главен преку кој во градското ткиво се инкорпорира еден културен центар кој важи за мултифункционален програм кој ги обезбедува сите културни активности.
Процесот на развој на модернизмот во градот Кичево Започнува со продирање на аксијала на која подоцна се нижат низа објекти кои говорат за периодот во кој се изградени, од аспект на материјалот кој е употребен, стилот во кој се обликувани , нивната намена и слично. Овој потег кулминира во крајот на аксијалата кој продира до подножјето на возвишението Кале, момент кој го означува изградбата на овој културен центар – Домот на култура изграден во 1973година.
Локација на НУЦ за Култура “Кочо Рацин” во Кичево ©МАРХ
Спомен дом на култура заедно со работничкиот универзитет се гради во чест на 25 годишнината од постоењето на Социјалистичка Република Македонија, со цел да го изрази социјалистичкиот развој во СРМ во доменот на општествено културниот живот. Идејниот проект изготвен од страна на архитект Драган Игнов се базира на неколку моменти и тоа : материјалните можности на општината, постојните објекти на локалитетот на центарот како и неговиот изглед во целост.
Градење во две фази , го доспева фактот дека во текот на изработката на објектот постои однос кон можностите на собранието на град Кичево и неговите граѓани. Поради недоволни материјални средства произлегува изградбата во две фази, каде првата фаза го означува линискиот дел со својата хоризонтална својственост, додека втората фаза прави прелом на оваа веќе поставеност и својствува со извивање и протегање по вертикала.
Обликувањето на објектот е оформено павиљонски, со така наречени гроздови со интегрирани празници – пација, кои се поврзани со линиски коридори. Централното место во комплексот и го зазима алулата со нејзината мултифункционална намена и циркулација. Како расчленети функции но со исто формално обликување се јавуваат училниците за 7-10 години, училниците за 11-14 години, техничките училници над аулата на кат и спортската сала.
Oснова на приземје и фасада ©Попоски, Дамјаноска, Јаулеска
Архитектонско урбанистичката поставка на делот од објектот изведен во првата фаза е создадена таква да со цел нејзиното настанување ги испочитува архитектонските творби кои датираат одамна и говорат за своето време. Претставува параван во центарот на градот кој со својата појавност го дооформува плоштадот кој важи за место на случување во кое органски расчленетите улички се вкрстуваат.
Постојна ситуација ©Попоски, Дамјаноска, Јаулеска
Концептот на објектот е поднесен на 5 делови : кино-театар, работнички универзитет, друштвени простории, локална радио станица и економски простории кои се органски и функционално споени меѓу себе така да се дополнуваат. Секој од овие делови содржи своја групација на простории каде постои функционална поделеност на просторот во однос на работник-посетител изведено со засебни влезни партии , пристапи и траекторија на движење.
Театарска сала ©Попоски, Дамјаноска, Јаулеска
Просториите се проектирани на тој начин да се адаптабилни за различни содржини, додека на комуникациските содржини се оддава минимален акцент, односно максимално искоритување на просторот за користење, како и двојна намена на холовите кои во повеќе случаеви се трансформирале во главни сали на случување.
Репрезентативноста на влезната партија е доловена преку платформа која се издига над плоштадот. Групацијата на богатата програма е поддржана и во конструктивен смисол така што објектот е поделен со дилатациони фуги и притоа се издвојуваат посебни целини во зависност од видот на простории кои се содржат , целини кои создаваат волумени кои говорат со посебен конструктивен систем но истовремено чинат една заедничка целина.
Перспектива, театарска сала ©Попоски, Дамјаноска, Јаулеска
На завршната фаза се забележуваат извиени моменти изведени од натур бетон во обид да наликуваат на моменти изведени од истиот период во архитектонски поразвиените градови , како што е градот Скопје. Натур бетон или брутализам. Се чита и на фасадната обработка на одредени места преку изразена релјефност , препознавање на конструктивниот систем на фасадата, надворешни изведени скали, колосални столбови, конзоли , испусти и слично. Објектот покрај својата првостепена пластика , делува озбилно и истата ја дополнува. Додека во Скопје брутализмот е во подем , се изведуваат маркантни објекти кои се весници на умешноста , во помалите градови се стремат кон задоволување на потребите во еден покомплексен објект кој се труди да оди паралелно со времето и стилот, користејќи ги белезите на овој стил кои произлегуваат од можностите на материјалот.
Автор на статија: Мартин Ефремовски