Најавена е изградба на повеќенаменски комплекс „ Little America“ во Кавадарци

На социјалната мрежа instagram, најавена е инвестиција од 30 милиони евра во Кавадарци. Станува збор за, како велат самите – „Модерен повеќенаменски комплекс, на локација во новиот центар на град Кавадарци, на површина од 12.000 м2.

Во комплексот е предвидена изградба на 3 стабени згради со вкупно 243 апартмани, хотел и трговски центар со 73 продажни салони, од кои 40 во внатрешниот и 33 во надворешниот дел.

 

Print screen извадоци од објавената анимација

 

Енергетска ефикасност на највисоко ниво е голем приоритет за проектот Little America. Во целиот комплекс ќе биде вградено најсoфистициран систем за греење и ладење што ќе придонесе за заштеда на електрична енергија приближно до 70%.“

3Д анимацијата од комплексот ја објави и Tv Star, од која на крај се истакнува логото, претпоставуваме на авторот на ова решение – К2 Architects.

Извор >>>