Најава за изложба „Поинакви архитектонски доживувања“
03.04.2023 • Изложби Информации

Во галеријата „Пионери“ најавена е изложбата „Поинакви архитектонски доживувања“ на Тијана Стојковска.
Делата се последица од откривање на врската меѓу имагинативниот свет во нас и реалната перцепција за светот околу нас. Македонската архитектура од 20-тиот век е сèприсутната тема во сите дела, а реимагинацијата на нејзиниот контекст e главен начин за создавање нови нереални архитектонски светови.
Целта на изложбата е да создаде нова перспектива за необичноста на архитектурата од нашата „обична“ стварност.
Изложбата ќе биде отворена на 12 април (среда) во галеријата „Пионери“, а ќе трае во две недели.
Извори: Pioneri / Скопје култ

Автор на статија: Filip Koneski