Народната архитектура во реканското подрачје / Намичев

Издавач: Музеј на Македонија

Уредник: Д-р. Драги Митревски

Автор на цртежи: Петар Намичев

Година: 2000

 

Извадоци од воведот:

„Традиционалната народна архитектура, како дел од материјалната култура на територијата на Македонија, не е доволно систематски проучувана. На теренот има се помалку објекти и градителски целини, а градителското наследство секојдневно исчезнува. Темата на овој труд претставува материјал кој ги проучува селските објекти во населбите на Реканското подрачје, составено од неколку подрегиони: Мала Река, Долна и Горна Река. Вкупниот број на населбите на ова подрачје изнесува околу триесет, кои се лоцирани на различни висински терени на кањонот на реката Радика. Главниот акцент на истражувањата се однесува на објектите на живеење. Фактот дека овие споменици на архитектурата секојдневно исчезнуваат, го оправдува проичувањето на оваа област.

 

 

Архитектонското творешство претставува израз на функцијата, конструкцијата и обликот на хармоничните објекти, и во тој поглед старата македонска куќа во XIX век го достигнала својот врв. Оваа констатација е посебно очигледна во архитектонското творештво во Реканското подрачје, каде уште се сочувани објекти од исклучително значење. Објектите за живеење во Реканското подрачjе имаат префинета обработка на архитектонско-градителските конструкции, автохтоност на архитектонскиот облик, кој завзема многу значајно место во целокупното традиционално архитектонско творештво во Македонија. Секој објект претставува комплексен состав на различни градителски елементи. Со истата концепција – стан за фамилија, и со исти архитектонски карактеристики, се постигнуваат безброј варијации и вредни простортно – обликовни решенија.

 

 

Темата опфаќа систематизација на документацијата, на елементите со естетска форма, типолошка обработка на функционалните облици на основните единици на станот, обработка на фасадните (надворешни) елементи, како и особености на Реканската куќа, нејзина валоризација и распространетост. Со овие истражувања би се опфатила една од најзначајните области на Македонија од аспектот на валоризацијата на архтиектонското наследство…“

 

 

Фото прилозите во објавата се од печатеното издание на „Народната архитектура во реканското подрачје„ од Петар Намичев