Најава: „Нови дијалози – АРТитектура“ – Васе Петровски АМАНИТО
08.03.2018 • Информации

Денес (08.03.2018), со почеток во 19:00 часот, на скверот при АФС ќе се одржи предавање насловено како „Нови дијалози – АРТитектура“. За сите љубители на архитектонската фотографија ќе се претстави фотографот Васе Петровски – Аманито со своето извонредно портфолио и досегашните искуства при создавањето на архитектонска фотографија. Од неодамна Васе Петровски е дел и од тимот на МАРХ, активно залагајќи се за промоцијата на македонската архитектура.

Автор на статија: Martina Shteriova
АРТитектура / Архитектонска фотографија / АФС / Васе АМАНИТО / Предавање