„Од напуштена фабрика до студентски град“ / Фотогалерија
29.09.2020 • Изложби
Во саботата, 26ти септември, 2020 год. на локација во паркот во Ѓорче Петров, на познатото вовче Пампурче, се случуваше изложбата на отворено „Од напуштена фабрика до студентски град“.
Носители на проектот се здружението на граѓани „Културно Ехо“ и „Сити Скоп Скопје“.
Изложбата е дел од активностите и иницијативите поврзани со фабриката „Купром“, нејзиното интегрирање и пренамена во функции блиски до студентскиот живот, образованието, алтернативната култура и младите воопшто.
Идејата беше да се претстават размислувањата кои го третираат овој простор, пресретнувајќи ги локалните жители од околината со можностите на Купром, наспроти стандардното градење на станбени блокови.
Првиот дел од изложбата се состоеше од фотографии на денешната состојба на фабриката, реализирани од Кристијан Караџовски – Културно Ехо. Во вториот дел од изложбата беа прикажани два магистерски труда за пренамена и адаптација на фабриката Купрум, од Наташа Вчкова и Мирјана Лозановска, додека во третиот дел беа изложени програмски анализи за можно сценарио на пренамена на Купрум во студенстски град, изработени од страна на Сити Скоп Скопје.
Фотографии: Ико Илиевски
Автор на статија: Filip Koneski