Охридска и струшка сала
10.09.2024 • Ентериер и мебел

Ентериерот на двете сали е реализиран во 1954 година, во традиционална македонска резба карактеристична за охридскиот и струшкиот регион.
Охридската сала се користи од страна на Претседателот на Собранието за оддржување на редовна координација секој понеделник со подпретседателите, генералниот секретар и координаторите на пратеничките групи. Салата се користи и за потпишување на свечени изјави на именуваните и избрани собраниски функционери.
Струшката сала е со намена за церемонијални и протоколарни активности. Изработена е во ореово дрво, од мајсторите од струшкиот крај.
Приложените фотографии се printscreen од виртуелната тура, достапна на страната на Собранието на Република Македонија

Автор на статија: Filip Koneski
Охридска сала / резба / Резбарени тавани / Собрание на Македонија / Струшка сала