Охридски магази
01.08.2024 • XVI - XIX век
Охридската чаршија, од која е сочувана главната улица која се протега од пристанишниот плоштад кон чинарот, крие автентични објекти подигнати во втората половина на XIX век и почетокот на XX век. Во оваа објава фокусот е на магазите, кои може да имаат различно значење зависно од положбата во рурално или градско подрачје.
Во контекстот на чаршиите тие секако се во служба на трговијата, и се дефинираат како магацини, дуќани, работилници итн.
„Во средината на XIX век доаѓа до значителна промена на урбанистичкиот израз и формирање на новиот лик на чаршијата, која се оформува како работна зона. Занаетчиите и трговците се појавуваат како нова стопанска сила во чаршијата, дрвените приземни дуќани се заменуваат со масивни објекти, со значително поголема материјална вредност, тн. магази. Со оглед на тоа што од Европа се внесува и луксузна индустриска стока, но и нови идеи за архитектонски стандард, во чаршијата се појавуваат објекти од камен со простории кои се функционално распределени на магацин и продавница. Стоката која што сега има поголема вредност, треба добро да се обезбеди, па така дрвените ќепенци се заменуваат со железни капаци. Европското влијание врз оваа архитектура е одразено и во новиот назив на овие објекти. Тие веќе не се дуќани, туку магази (од францускиот збор „магазин“) Тоа се објекти најчесто со подрум, приземје и кат, градени од камен, тула, железо и слично.“
Во Охрид сочувани се повеќе магази, кои се карактеризираат по своите фасади во камен и тула, или само камен, ѕидани во различни техники. Во денешната објава ги презентираме преку фото документација:
Фото: Филип Конески 2024
Користен извор >>>
Автор на статија: Filip Koneski
Дуќан / магаза / Магази / Магацин / Охрид / Работилница / чаршија