Општина Аеродром распиша два конкурси за детски градинки

Општината Аеродром на системот за електронски набавки, објави два конкурси за две детски градинки. Едната е со локација во населба Лисиче, додека втората локација е во непосредна близина на комплексот Џевахир.

Она што е вредно да се спомене, конечно имаме достојно вреднување на архитектонскиот труд за идејно архитектонско решение. Првите награди изнесуваат 600.000 денари, вторите 300.000 денари, додека третонаградените ќе добијат по 200.000 денари.

Во огласите пишува дека со првонаградените ќе се поведе постапка за склучување на договор за изработка на основен проект, со услов да сте правно лице.  Тоа секако е пракса која е одамна напуштена и е секако за поздрав.

Она што би го забележиле е краткиот временски рок од едвај 40тина дена. Конкурсните трудови треба да се достават до 12 декември, 2022 година.

Деталните податоци за конкурсните услови и правилата за учество можете да ги добиете на следните линкоци:

  1. https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/0fc92925-e823-4db5-9b4c-b9c1b74e3737/6
  2. https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/4058ee76-e14a-472d-b2e9-a6c572a955a5/6