Остварена средба меѓу тимот на МАРХ и ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

Во четвртокот, на иницијатива на кандидатот за градоначалник за град Скопје,  Ана Петровска, во име на неформалната коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, остваривме информативна средба.

Истата беше потикната од општествено одговорното делување на МАРХ Македонска архитектура, содржината која ја креираме и темите кои ги отвораме во јавноста.

На средбата беа произнесени нашите видувања за градот Скопје, нашите визии и посочување на проблематичните точки во неговиот развој.

Ова е прва средба произлезена од серијата објави со кои се обративме директно до идните градоначалници. Се надеваме дека свесноста за вклучување на професијата (архитекти, урбанисти, инженери од сродни струки) во креирањето на политиките за градот ќе стане пракса.

Автор на статија: