„Оваа зграда зборува (на)вистина” утревечер во Љубљана
27.08.2021 • Информации
Во сабота (28.08.2021 год.) во зградата на старата електрична централа во Љубљана, Словенија (Stara mestna elektrarna), со почеток од 21 часот, ќе биде изведен перформансот „Оваа зграда зборува (на)вистина” во рамки на 24. издание на еден од најзначајните фестивали во Европа, меѓународниот фестивал за перформативни уметности „Млади Леви”.
„Оваа зграда зборува (на)вистина” на авторот Филип Јовановски е перформативна инсталација за историјата на Скопје во размер 1: 100, која ја доби главната награда Златна Трига на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2019 година и оттогаш гостуваше на повеќе меѓународни фестивали како МОТ во Скопје и БИТЕФ во Белград.
Автор на статија: Filip Koneski
„Оваа зграда зборува (на)вистина" / Златна Трига / Љубљана / Словенија / Филип Јовановски