OVERTURE / Првонаграден конкурсен труд за античкиот театар во Охрид

Првонаграден труд на меѓународниот конкурс за античкиот театар во Охрид, организиран од TerraViva

Автори: Ho Chi Kwan, Ching Lam Chu, Hoi Wah Wan, Lok Yin Chiu, Tsz Wai Fu [Hong Kong]

Година: 2025

Извор: TerraViva

 

Авторско образложение:

Охрид, двоен локалитет под заштита на УНЕСКО, стои на пресекот меѓу културната длабочина и природната убавина. Проектот извира од традиционалната охридска архитектура, апстрахирајќи ја нејзината конструктивна логика за да ги обликува пропорциите, слоевитоста и тектонскиот израз. Врамените погледи кон градот и Охридското Езеро го задржуваат визуелниот и емотивен континуитет на локацијата. Интервенцијата има за цел да ги замени привремените доградби со кохерентна архитектонска стратегија која ќе го ревитализира античкиот театар како живо општествено место — подеднакво достапно за секојдневна заедничка употреба и современи културни настани. Историските структури и новите вметнувања се обликувани во дијалог, одржувајќи ја усогласеноста со геометрискиот интегритет на амфитеатарот.

Сцената како центар

Сцената се враќа во својот историски геометриски центар, воспоставувајќи го првобитниот ред на амфитеатарот. Новиот прстенест кров го пренагласува просторот, визуелно ја зајакнува неговата централност и ја утврдува сцената како просторен и симболичен фокус на обновениот театар.

 

 

Активирање на Наследството

Проектот ги открива и активира просторите под античките седишта, дискретно сместувајќи современи програми додека ги зајакнува конструктивно несигурните делови. Седиштата добиваат лесна рехабилитација и делумна замена на силно оштетените камења, со цел да се овозможи комфор и функционалност низ целиот театрон.

Вкопување во Земјата

Под новата сцена, пробна сала ја преуредува врската меѓу задната и предната сцена во вертикала, создавајќи скриен простор за поддршка на изведбите. Кружен премин, осветлен со природна светлина преку галерија, овозможува погледи кон наследството погоре, дозволувајќи минатото и сегашноста тивко да коегзистираат во ист простор.

 

 

Античкиот Театар

Античкиот театар во Охрид со векови бил затрупан, неговото постоење избледено во времето и сеќавањето. Повторно откриен во 1980-тите, ископувањето откри театар кој се развивал низ повеќе епохи, секој слој сведочејќи за културна трансформација. Локацијата, некогаш напуштена и скриена, денес повикува на нова приказна. Чинот на копање ја одразува археолошката постапка: патување на повторно откривање што ја поврзува сегашноста со минатото.

Оркестра и Скена

Наместо реконструкција на цврста позадина, прстенестиот кров ја следи периферијата на сцената, нагласувајќи ја нејзината присутност и централност во рамките на амфитеатарот. Така се почитува геометриската логика и историската форма на театарот, при тоа задржувајќи панорамни погледи кон Охридското Езеро — дозволувајќи природата да стане дел од самата изведба.

 

 

Вернакуларна инспирација

Вдахновен од традиционалниот бондрук систем, каде камените долни нивоа обезбедуваат цврстина и изолација, а дрвените горни нивоа леснотија и флексибилност, проектот ја следи истата логика: каменот ги заснова подземните и затворените простори, додека дрвото ги оформува повеќето нови интервенции погоре. Традиционалните дрвени потпори се реинтерпретирани како испакнати ѕидни елементи долж кружната подземна галерија, создавајќи ритам кој го одекнува локалниот карактер и го премостува минатото со сегашноста преку материјал и форма.

 

 

Театрон

Зборот „театрон“, потекнува од старогрчкиот θέατρον, што значи „место за гледање“. Тој првично го означувал просторот за публика во античкиот грчки театар. Во Охрид, токму театронот останува најзачуваниот и најизразителен дел од театарот. Слоевите на седишта се благо обновени и делумно заменети, во чест на нивната заедничка намена — за театронот да продолжи да ги пречекува гледачите, било за летниот фестивал или за нови изведби во генерациите што доаѓаат.

 

 

Коментар за жири комисијата:

Проектот успешно ги преведува повеќеслојните вредности на локацијата во кохерентна целина, способна да се интегрира со својата околина, задржувајќи ја својата единственост. Со врамување на сцената, со вкопување во земјата за нови намени и со внимателна реупотреба на традиционални елементи, тој создава нов ентитет кој можеби изгледа едноставно на прв поглед, но во себе содржи длабока и суптилна интерпретативна визија.“

Елиса Донини – Универзитет „Ла Сапиенца“

„Овој проект постигнува максимален ефект преку минимална интервенција, демонстрирајќи длабока почит кон постојната историска наслаганост. Тој ја задржува суштината на оригиналната структура, истовремено повторно замислувајќи ја програмата на театарот со јасност и чувствителност, градејќи мост меѓу наследството и современата употреба.“