Пасторален и културен центар на српската црковна заедница во Љубљана / Atelje Neapolis, Simič, Žerjav

Локација: Љубљана, Словенија

Студио: Atelje Neapolis, Borut Simič, Janez Žerjav

Година: 2012

Извори: OHS – Open House Slovenia, RTVSLO.sl

 

Локацијата на објектот е директно врзана со постоечката црква Св. Кирил и Методиј и следствено можат да се видат одредени одлуки на проектантите кои произлегуваат од оваа врска. Културниот центар е воглавно вкопан објект кој има поголема површина под нивото на приземјето отколку над.

Причината за објава на овој објект е да се прикаже на домашната публика како можат да бидат воедно испочитувани старите канони на православната архитектура и да се направи исчекор во обликувањето на истата.

 

 

Фасадното обликување изразено преку целосно застаклување укажува на одредена мимикрија која архитектите ја играат со цел да се оддаде на поголемо значење на околните објекти и паркот.

Дизајнот на новата парохија произлегува од централната организација на просторот во православните заедници, но во овој случај е интерпретирана на современ начин. Објектот е просторно и но и во однос на колоритот – доминиран од соседната црква Св. Кирил и Методиј, како и зградата на Националната Галерија.

 

 

Во однос на волуменот на објектот, трапезоидната форма на приземјето – која најверојатно е делумно условена од градежната парцела, се отвора према црквата, додека катот се издига независно и е поставен на начин што надвиснува над влезот (архитектонско нагласување) како и со поглед кон црквата.

 

 

Благодарение на стаклената фасада и обликувањето на внатрешноста се постигнува уникатен начин на природно осветлување. Светлината од надворешноста навлегува дури до последното подземно ниво. На специфичен начин се постигнува базиликално осветлување во внатрешноста кое е директна референца од начинот на кој се осветлуваат православните храмови. Материјалите, иконографијата која се јавува во ентериерот, базиликалното светло, боите и мотивите кои се базирани на пропишаните литургиски бои и симболи, придонесуваат кон создавање на атмосфера слична на православните објекти.