Павел Балабанов / 1942 – 2017

„Само пpед само неколку дена “Ресторанот Парк” дело од особена важност за Македонската архитектура, беше срушен по само 30 години од неговото градење.  Неверојатно е што институциите не ја препознаа оваа архитектонска вредност на време, и дозволија еден ваков споменик да биде избришан од силуетата на Охрид.  ,,Мислевме дека можеме да живееме заборавајќи. Време е да почнеме да помниме”,  се зборовите со кои арх. Мери Батакоја ја потенцира важноста на препознавањето на вредните архитектонски дела.

Куса биографија

Павел Балабанов е роден 1942 година во Охрид. Завршува архитектура на архитектонскиот факултет во Белград под водство на Проф. Станко Мандиќ каде и дипломира во 1970та година. По дипломирањето се враќа во родниот Охрид каде започнува со работа во Заводот за урбанизам и архитектура – Охрид каде останува активен до 1991 година. Потоа ја формира  Архитектонската работилница „Балабан и партнери“ која постои до 2012 година.

Награди и признанија:

–  1980 – Републичка награда за најуспешно архитектонско остварување во Македонија за ОУ „Свети Климент Охридски“ во Охрид

–  1980 – Сојузната награда за архитектура во Југославија “Борба” за ОУ „Свети Климент Охридски“ во Охрид

–  1989 – Специјалното признание на Биеналето на Македонската архитектура за Ресторан и дискотека „Парк“ во Охрид

 

Позначајни реализирани дела:  

–  1980 – ОУ „Свети Климент Охридски“ во Охрид

–  1981 – Завод за урбанизам и архитектура во Охрид

–  1983 – ОУ „Христо Узунов“ во Охрид

–  1984 – Трговскиот центар „Гевгелија“ во Гевгелија

–  1989 –  Ресторан и дискотека „Парк“ во Охрид

–  Фабриката „Агроплод“ во Ресен

–  Проект за кампот „Ливадиште“ во Струга

–  Проект за кампот „Крани“ во Преспа

–  Стоковна куќа во Охрид на бул.Македонски просветители .

 

ОУ „Свети Климент Охридски“ во Охрид

 

Завод за урбанизам и архитектура во Охрид

 

ОУ „Христо Узунов“ во Охрид

 

Ресторан и дискотека „Парк“ во Охрид

 

Фабриката „Агроплод“ во Ресен

 

Камп „Ливадиште“ во Струга

 

Стоковна куќа во Охрид, бул.Македонски просветители  

 

Извори: Наш дом, Порта 3

 

Благодарност до Радица Ѓорчева диа, која ги достави архивските материјали.