„Горица Резиденс“ презентира визуелизации од проектот во Охрид

На актуелната градежна парцела во непосредна близина на хотелот Инекс Олгица, која предизвикува постојано реакции од јавноста, екологистите и здруженијата кои се борат за Унеско статусот на Охрид и Охридското Езеро,  градежните работи влегуваат во својата финална фаза.  Деновиве се појавија и првите маркетинг текстови кои за проектот го велат следното:

„Резиденцијалниот дел на комплексот нуди 42 премиум апартмани, од кои два се дуплекс апартмани, внимателно дизајнирани за да овозможат максимална удобност, функционалност и естетика. Секој апартман е ориентиран кон езерото, со панорамски поглед и изобилство од природна светлина, што создава чувство на просторност и спокој.

 

 

Директниот пристап до приватна плажа и базен наменети за сите сопственици на апартмани, приватниот паркинг и 24-часовното обезбедување, го заокружуваат чувството на ексклузивност и сигурност. Резиденцијалниот дел од проектот и околното хортикултурно и партерно уредување ќе бидат финализирани до крајот на годинава, по што ќе биде подготвен да ги прими и првите станари.

 

 

Посебна вредност на локацијата е нејзината непосредна близина до културното и историско богатство под заштита на УНЕСКО. Животот во „Горица резиденс“ значи да се биде дел од простор кој е глобално препознаен како културно и природно наследство, каде секој чекор носи допир со историјата, а секој поглед открива нова приказна.“

Новиот комплекс на резиденцијални станови и хотел веќе ја промовира и својата интернет страна каде можете да се информирате повеќе за проектот.

 

 

Кој е проектант на овој објект, сеуште не ни е познато. Упатуваме официјално покана, за презентација во која ќе ги обелодени сопствениот став и проектантскиот пристап кон оваа атрактивна, но супер сензитивна локација.

 

Извори: 1 >>> 2 >>>