Македонска Пошта – Струмица / Пелагонија проект
04.02.2022 • ХХ век / II половина
Проектонско брио: ОЗТ Градежно претпријатие „Пелагонија“
Директор : Дипл. инж. Ј. Богатинов
Година на изведба: 1979
Локација : Булевар Маршал Тито, Струмица
Инвеститор : ПТТ – Скопје
Зградата на П.Т.Т Струмица дел за телекомуникации лоцирана во строгиот центар на градот, претставува само уште еден пример на прогресивната политика на Македонски пошти во оформувањето на нивните нови претставништва во градовите низ Македонија после Втората Светска војна.
Воведните пасуси во техничкиот опис предаден техничката документација многу јасно ја опишуваат целта на формалното обликување на објектот „Архитектонската концепција на објектот е синхронизација на специфичните технолошки барања и обликовно ликовниот третман усогласени со архитектонско урбанистичките услови и карактеристиките на локалитетот“.
Формирањето на архитектонската пластика се води од функционалната поделба на објектот. Истиот е поделен на три волумени со различни висини. П+3, П+1 и П, кои заземаат различна функција во работата на поштата.
Јавно достапниот влез а поштата е поставен во најнискиот волумен додека администрацијата и останатите функции се во повисоките волумени. Главниот влез се наоѓа на ул. Балканска додека економскиот влез е предвиден од задните улички.
За фасадната обработка се користени само два материјали, гитер црвена фасадна цигла и бетон. Со користењето на истите материјали низ целиот комплекс се постигнува унифицираноста на комплексот, а пластичната обработка е достигната со истакнување на бетонско структурните елементи.
Автор на статија: Мартин Ефремовски
„Пелагонијапроект“ / Македонска архитектура / Македонска пошта / Регионален модернизам / Струмица