Повик за Меѓународното биенале на млади архитекти во Минск – Леонардо 2023

Асоцијацијата „Belarusian Union of Architects“ со поддршка на Министерството за архитектура и градежништво на Република Белорусија, како и Меѓународната асоцијација на синдикати на архитекти (IAUA) и Меѓународната асоцијација на архитекти (UIA) во рамките на XV Национален Фестивал на архитектурата од 02 до 21 октомври 2023 година во Минск (Белорусија) го одржува X Меѓународното биенале на млади архитекти во Минск Леонардо 2023 година.Право на учество на Биеналето имаат архитекти на возраст до 40 години.Во прилог  приложени се документите и правилата на X Меѓународното биенале на млади архитекти во Минск Леонардо 2023 година.
Пријавувањето се одвива на веб-страницата: http://bsa.by/events/leonardo/o-biennale