Отворен повик за национална селекција за номинации за „European Union Prize for Contemporary Architecture – Mies van der Rohe Award 2024“

ААМ како официјален партнер на „The Fundació Mies van der Rohe“ од Барселона, објавува отворен повик за националната селекција на номинации за „European Union Prize for Contemporary Architecture – Mies van der Rohe Award 2024“.

Република Северна Македонија има право на 5 номинации кои ќе бидат дел од официјалната селекција. Процесот за избор на номинираните проекти е преку отворен повик каде сите членови на асоцијацијата ќе може да ги пријават своите проекти. Селекцијата ќе биде извршена од страна на жири составено од ААМ, а неговите членовите ќе бидат јавно објавени по завршување отворениот повик.

Ги очекуваме вашите проекти и ви посакуваме среќа во процесот кој следи!

Со почит,

Асоцијација на Архитекти на Македонија