Повик за македонски номинации за EU MIES AWARDS 2025
09.07.2025 • Информации

Почитувани колеги,
Во рамки на соработката меѓу Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и реномираната европска архитектонска награда EU MIES AWARDS, ни се отвора можност да испратиме предлог-номинации на реализирани проекти кои ќе се најдат во конкуренција за номинација и потенцијално за добивање на ова престижно признание.
Услов за пријавување:
Проектите треба да бидат реализирани во периодот од 1 мај 2023 до 30 април 2025.
Апликацијата треба да содржи:
- Име на проектот
- Име на авторот / студиото
- Период на реализација
- Локација
- Краток опис на проектот (до 500 зборови), со осврт на неговите архитектонски и концептуални квалитети
- Фотографија (максимална големина: 3MB)
Ве молиме вашите предлози да ги испратите на е-mail-от на ААМ најдоцна до
17 јули 2025.
По пристигнувањето на апликациите, Управниот одбор на ААМ заедно со надворешен експерт ќе изврши селекција на проектите што ќе бидат предложени за номинација.
Контакт лице:
Марија Димитриевска Цилакова 070 / 377 258
Со почит,
Управен одбор на ААМ

Автор на статија: Filip Koneski
2025 / EU MIES AWARDS / ААМ / Асоцијација на архитекти на Македонија / македонски номинации