Повик за избор на македонски претставник за Интернационалната изложба на архитектурата во Венеција 2023

Врз основа на член 64 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18),

Министерството за култура објавува

 

КОНКУРС

ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА ОД ОБЛАСТА НА МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА ЗА УЧЕСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА 18. ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ИЗЛОЖБА НА АРХИТЕКТУРАТА  ВО ВЕНЕЦИЈА ВО 2023 ГОДИНА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА „LA BIENNALE DI VENEZIA“ (ВЕНЕЦИСКО БИЕНАЛЕ)

 

  1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Министерството за култура објавува Конкурс за финансирање проект од национален интерес во културата од областа на меѓународната соработка за учество на Република Северна Македонија на 18. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција, што ќе се одржи од 20 мај до 26 ноември 2023 година, во организација на „La Biennale di Venezia“ (Венециско биенале).

Министерството за култура ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година за учество во финансирање проект во една од следниве категории:

  1. Самостојна изложба/проект на архитект
  2. Изложба/проект на група архитекти.

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ
  • На Конкурсот право на учество имаат правни лица со проекти од категориите наведени во овој конкурс.
  • Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (национални, локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации и други правни лица регистрирани за вршење дејност од областа на културата/архитектурата.
  • Учесникот на Конкурсот (доколку бил корисник на средства од Буџетот на Министерството за култура) треба да ги има исполнето преземените обврски кон Министерството за култура во последните 3 години.

 

III. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

  • Пријавувањето на проектот се врши со поднесување пополнета пријава за учество на Република Северна Македонија на 18. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2023 година, во организација на „La Biennale di Venezia“ (Биенале Венеција).
  • Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Министерството за култура(kultura.gov.mk) и да се пополни електронски со впишување податоци на означеното место.
  • Пријавите може да се достават до Министерството за култура по пошта (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг, или лично во пи­сар­ни­цата на Министерството најдоцна до 16 часот во работните денови.
  • Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Конкурсот, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и нецелосни пријави – без приложени документи што задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.
  • Конкурсот трае 60 дена од денот на објавувањето, односно од  25.7.2022 година заклучно до 22.9.2022 година.  

 

 

  1. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ
  • Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени на веб-локацијата на Министерството за култура.
  • Сите учесници ќе бидат и писмено известени за резултатите од Конкурсот со решение на Министерството за култура.
  • Висината на средствата со кои ќе биде поддржан проектот ќе се утврди во согласност со Буџетот на Министерството за култура за 2023 година.

 

  1. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за меѓународна соработка на телефонските броеви: 02/3240 533 и 02/3240 549.

 

 

Извор >>>