Ј А В Е Н П О В И К за доделување на Големата годишна награда за 2020 год.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ објавува:

Големата годишна награда на ААМ, согласно чл. 41 од Статутот на ААМ и Правилникот за доделување на наградата, се доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело за тековната календарската година.

Право на учество имаат сите архитекти со завршен VII степен на образование. Заинтересираните архитекти за учество треба да достават:

·        PDF документ со следната содржина:

·        Текстуален дел

–        Пополнета Пријава

–        Овластување на проектантите

–        Техничко образложение

·        Графички прилози

–        Извод од план (графички дел), ситуација (размер 1:500; 1:200), основи на приземје и катови, пресеци (размер 1:100; 1:200) и фотографии од објектот

·        Документот да биде потпишан со електронски печат на одговорниот проектант

Сите материјали да се достават електронски на e-mail: kontakt.aam@gmail.com.

Рокот за предавање е до 14.12.2019 год.

 

Пристигнатите трудови ги селектира, оценува и донесува одлука за добитникот на наградата, петчлено жири составено од афирмирани архитекти, членови на ААМ.

Напомена: 

– Учесниците во проектот кои не се членови на ААМ за учество плаќаат котизација во износ од 3.500 денари од пријавен труд.

– Поради пандемијата од КОВИД-19, доставувањето на сите материјали, како и секоја комуникација поврзана со со ГГН, ќе се довива по електронски пат.

– Условите поврзани со организација на свечаниот чин за доделата на наградата ќе се утврдат од страна на УО, за кои ќе следи дополнително известување. 

 

Телефон за информации: 076 350 336

e-mail: kontakt.aam@gmail.com


Асоцијација на архитекти на Македонија 
Association of architects of Macedonia
 
GSM +389 (0) 2 3237 277
mob +389 (0) 76 350 336
“Dame Gruev” 14 A 
1000 Skopje
Macedonia