Предавање „Достапниот град – урбан дизајн, биенале, иднина што можеме да ја имаме денес“ / Дејвид Браун

МИТ Универзитет Скопје и Факултетот за архитектура
Со особена чест и задоволство Ве покануваат на јавно предавање на реномираниот архитект и професор David Brown, уметнички директор на Архитектонското Биенале на Чикаго, 2021.

Тема на предавањето:
“The Available City – an urban design, a biennial, a future we can have today”
„Достапниот град – урбан дизајн, биенале, иднина што можеме да ја имаме денес“

Датум: Петок, 12 септември 2025 г.
Време: 17:00 – 18:30 часот
Локација: Амфитеатар на МИТ Универзитет Скопје, Кампус 2 (Бул. Борис Трајковски бр. 62, Кисела Вода), 1 кат.

Со ова предавање имате можност да се запознаете со визиите и делото на еден од најзначајните современи архитекти кој ја унапредува архитектонската мисла и практиката преку иновативни пристапи кон градот.

Дејвид Браун е познат по својот визионерски урбанистички концепт „Достапен град” (анг. “The Available City“), преку кој градските простори се претвораат во активни, заеднички места за луѓето. Неговиот пристап ја спојува архитектурата, уметноста и заедницата, создавајќи градови што инспирираат и обединуваат.