По повод 8миот роденден на МАРХ Македонска АРХитектура ги доделуваме признанијата за 2021 и 2022 година

МАРХ Македонска АРХитектура веќе 8ма година зрачи во интернет просторот. За нас и нашата мисија, во повеќето наврати по истиот повод,  говоревме и пишувавме, но овој пат ќе се воздржиме гледајќи и стремејќи се кон јубилејната прва декада кога се надеваме дека некои од големите цели на МАРХ конечно ќе соопштиме дека сме ги постигнале. До тогаш поддржувајте не и помогнете ја нашата идеја како би успеале да опстоиме во оваа секојдневна надеж за подобро утре.

 

 

Признанието кое во 2024 година ќе прерасне во официјална награда, за 2021 година се доделува на ИКС – Институтот за комуникациски студии за зголемувањето на видливоста на темите кои го засегаат МАРХ пред пошироката јавност, преку заеднички разработените објави кои придонесоа кон најголемата професионална и граѓанска победа во полето на урбанизмот – Распишувањето на Меѓународниот конкурс за Расадникот во Кисела Вода.

 

 

Признанието за 2022 година, се доделува на Факултетското студентско собрание – АФС како поттик за понатамошно делување во полето на заедничката едукација, градењето на добрите односи со македонската архитектонска сцена преку организираните предавања и борбата за студентското достоинство.

Честитки и благодарност за реализираните соработки во борбата за општото добро и надеж за идни успеси!

 

СЕКОМУ ДОБРО!

Тимот на МАРХ Македонска АРХитектура