Предлози до идниот градоначалник на Скопје / 1: Заштита и конзервација на староградската архитектура
22.07.2025 • Став

Се ближат локалните избори, политичките партии веќе ги обелоденија имињата на своите кандидати. Во фокусот ни е Скопје, метрополата која изгуби 4 години во застој, безидејност и нефункционалност. Од предходните избори до овие помина доволно време, но ниту еден од нашите предлози не го видовме да е прифатен и реализиран.
Нашата мисија е да предложуваме, критикуваме, промовираме и следиме се што се случува на македонската архитектонско-урбанистичка сцена. Започнуваме повторно со надеж дека нашите предлози ќе бидат добронамерно слушнати и прифатени од таборите на сите партии, бидејќи интересот за Скопје е над се.
Се потсетуваме на сите веќе дадени 6 предлози, но овој пат ќе продолжиме до најмалку 10.
Па да започнеме…
1: Заштита и конзервација на староградската архитектура
Она кое често се користи како репер за туристички атрактивните градови е нивната староградска архитектура, културното наследство и археолошки локалитети. Во Македонија, секако недостасува ошто разбирање на заштитата на градителското наследство, особено за тоа што значи градска архитектура од првата половина на XX век кога е видлив преминот од еклектичните стилови кон модерната.
Тоа можеби е најградскиот период, бидејќи пропорциите кои се креирале на улиците, куќите, вилите и зградите се безкомпромисно извлечени од струката и пропорцијата на убавото.
Продолжете со читање >>>
Предлози до идните градоначалници / 1: Заштита и конзервација на староградската архитектура

Автор на статија: Filip Koneski
2025 / Градоначалник / Заштита и конзервација на староградската архитектура / локални избори / предлог / Скопје