„Предвесникот “ на Археолошки музеј

Година: 2007

Автори: Слободан Живковски

Извори: Бимас 2008

Локација: Плоштад „Македонија“

Конкурс  – Градска куќа, Скопје

Пред да се започне активно со проектот Скопје 2014, во 2007 година беше распишан конкурс за нова градска куќа на локацијата на некогашниот Офицерски Дом во Скопје.  На тогашниот конкурс, трудот на архитект Слободан Живковски предложуваше излегување од рамките на постоечката предложeна површина за градба, окупирајќи ги соседните парцели со идеја да се покаже став против тековниот урбанистички план за центарот на градот.

Авторот во образложението за Бимас ќе истакне:

„ Скопје не е административен град на некогашната југословенска провинција со 40.000 жители како во триесетите години на минатиот век. Скопје е главен град на Република Македонија со повеќе од 600.000 жители. Значи ниту урбанистичките ниту политичко-општествените услови не дозволуваат да бидат никаква основа за враќање на ситуацијата на триесетите години на минатиот век, како што предвидува важечкиот урбанистичи план за овој најважен идентификационен-симболички простор за државата.“

Ситуација

Предвидениот објект и неговиот архитектонски израз беше воведот во Скопје 2014та година. Всушност подоцна на конкурсот за неразумниот склоп на функционални содржини во еден објект – Археолошки музеј, Врховен суд и Архив на Република Македонија, архитектот Живковски учествува со модифицираното решение на претходно – проектот за Градска Куќа.

 

Основа на приземје

 

Решението за Археолошкиот Музеј беше избрано како најдобро и наградено со првото место. Објектот е реализиран на другата страна на реката Вардар, врз јавна површина. Бидејќи се утврди дека нема како да се пристапи до објектот, дополнително се предвиди и пешачкиот мост „Око“ како би се овозможило  истото.

фотo>>>