Перспективи за заштита на индустриското наследство / ИКОМОС Македонија

На 17 декември 2021 година, од 12:00 до 14:00 часот ќе  се одржи виртуелниот настан „Перспективи за заштита на индустриското наследство“ во организација на ИКОМОС Македонија. Подолу ви го пренесуваме соопштението во целост:

ИКОМОС Македонија со задоволство ве поканува на претстојниот виртуелен настан „Перспективи за заштита на индустриското наследство“.
Во рамките на настанот ќе се одржи промоција на истоимената дигитална публикација „Перспективи за заштита на индустриското наследство“, која претставува пионерска публикација на македонски јазик составена од избор на преведени трудови од книгата „Industrial Heritage Re-tooled: The TICCIH Guide to Industrial Heritage Conservation“, вклучувајќи ги и „Повелбата Нижни Тагил за индустриско наследство“ и „Даблинските начела“.

Oваа публикација има за цел да отвори дискусија за индустриското наследство и да ги истакне неговите пошироки вредности за општеството. Во оваа насока, покрај промоцијата на оваа нова публикација, во рамките на настанот ќе се одржии форум со експертска дискусија со цел да се поттикне интересот и истражувањата во областа на заштитата на индустриското наследство во земјава. На форумот со свои излагања ќе учествуваат:

Мајлс Оглторп, Претседател на Меѓународниот комитет за зачувување на индустриското наследство (TICCIH)

Џејмс Дует, главен уредник на книгата „Industrial Heritage Re-tooled: The TICCIH Guide to Industrial Heritage Conservation“

Соња Ифко, Претседател на ИКОМОС Словенија и вонреден професор на Архитектонскиот факултет во Љубљана

Ада Влајиќ и Рифат Куленовиќ од Музејот на науки и техники во Белград, Србија

Симона Димковска, Претседател на Културно Ехо, Скопје

Настанот ќе се одржи виртуелно на ZOOM платформата на 17 декември 2021 година, од 12:00 до 14:00 часот и за истиот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски и англиски јазик.

За учество на настанот потребно е да се регистрирате на следниот линк: https://us02web.zoom.us/…/reg…/WN_tALFDrM3RzejVd8Gstefcw

Настанот на Facebook линк: https://www.facebook.com/events/425915535893319?ref=newsfeed

Организацијата на овој настан, како и преводот на стручната публикација, се реализирани со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република С. Македонија.