Прирачник за постземјотресна реконструкција на постојните масивни згради / Галиќ, Вукиќ, Андриќ, Степинац

Автор(и) на прирачникот : д-р. Јосип Галиќ, дипл. град. инж. , м-р Хрвоје Вукиќ, д-р. Давор Андриќ, дипл.арх. и Лусија Степинац, м-р.

Година на издавање: 2020

Локација : Хрватска

Хрватска го дочека крајот на 2020 година со уште еден катастрофален земјотрес со епицентар во градот Петриња на 29 декември со јачина од 6,4 степени според рихтеровата сеизмичка скала. Според коментарот на градоначалникот Даринко Думбовиќ, повеќе од половина од градот е разрушен и останатиот дел е сериозно оштетен.

Петриња по земјотресот ©zadarskilist.hr

Потресот во Петриња беше само последниот во низата земјотреси кои го потресоа тлото во околината на Хрватска. На 22 Март оваа година, Загреб главниот град исто така беше погоден од силен земјотрес со јачина од 5.3 степени. Овој земјотрес беше разорен за историскиот дел од Загреб, имено Долни град во кој главно изградената структура датира од 17 – 19 век. Како последица на земјотресот огромен број на заштитени објекти и објекти на осоебно културно наследство беа оштетени што наведе до потреба и развивање на методологија за заштита и санирање на оштетените објекти.

 

©Priručnik za protupotresnu obnovu postojećih zidanih zgrada

 

Професорите на Архитектонскиот факултет во Загреб д-р. Јосип Галиќ, дипл. Градежен инженер, м-р Хрвоје Вукиќ, д-р. Давор Андриќ, дипл.арх. и Лусија Степинац, м-р. изработија Прирачник за постземјотресна реконструкција на  постојните масивни згради со цел да се одговори на најчестите прашања и проблеми преку примерот на карактеристичниот објект кој се наоѓа во Долниот град во Загреб: кои се вообичаените штети предизвикани од земјотресот и што може да се направи за да се санираат истите и да се зголеми сеизмичката отпорност на зградата?

 

©Priručnik za protupotresnu obnovu postojećih zidanih zgrada

 

Целта на прирачникот е да се прикажат сите можности на познатата техника за поправка и засилување на ѕидарски згради, со цел да се добие поширока слика за тоа што може да се примени. Во почетната фаза на поправка и реновирање, можностите на достапните изведувачи, како и набавката на материјали, ќе имаат големо влијание, па затоа авторите прикажуваат различни техники со различни материјали со ист или сличен ефект. Се разбира, е до изборот на дизајнерите и сопствениците на згради да одлучат која техника е најдобра за одредена поправка или засилување на објектот.

 

Дигиталната верзија од прирачникот е достапна на следниов линк.

 

Пред 57 години Скопје беше погоден од земјотрес кој предизвика разорни последици и засекогаш го измени ликот на градот. Тој придонесе за развој и имплементирање на правила и насоки во изградбата на нови градби на трусно подрачје водени од институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). По случувањата во Хрватска во 2020 година, ажурирањето и  развивањето на методологија и стратегија за пред и постземјотресна заштита и интервенција на доменот на културното наследство на територијата на Македонија е повеќе од потребна.