PRE/FABRIC -The growing houses of Skopje / Милан Мијалковиќ, Катарина Урбанек

Наслов: PRE/FABRIC -The growing houses of Skopje

Автори: Милан Мијалковиќ, Катарина Урбанек

Фотографии: Горан Димов

Година: 2018

Издава: Wieser

Периодот по катастрофалниот земјотрес на 26ти Јули 1963 година, претставува централна точка во развојот и ширењето на градот. Во колективната меморија на градот ќе остане неговата постземјотресна обнова како момент кој го дефинира градот што го познаваме денеска. Оваа природна катастрофа ќе предизвика бран на меѓународна солидарност и доведе до заеднички хуманитарен проект воден паралелно од Истокот и Западот.

 

 

Како одговор на делумното или целосно уништување на до 80% од градежниот фонд е итното планирање на 17 нови населби на работ на уништениот град кое се одвива истовремено со работата за рушње и расчистувањето на урнатините на градот. Моделот на формирање на новите наслеби преку примена на монтажни куќи им овозможи на голем број земји можност да придонесат за видлива и јасно препознатлива помош за реконструкција.

 

 

Публикацијата  го истражува токму овој период на развојот на градот  користејќи шест куќи како пример и водич. Преку истите книгата ја анализира историјата за нивната изградба, нивниот контекст и искуствата на жителите за нивното домување. Токму жителите на реконструираниот град, преку начинот на кој ги користеле овие објекти низ годините и оптимално ја прилагодиле ,,монтажната куќа” за да ги задоволат многу личните потреби, го доведуваат во прашање оптимистичкото верување на модернизмот.

 

 

PRE/FABRIC е задолжително четиво за развојот и историјата на градот. Преку монтажните куќи на Мексико, Велика Британија, Франција, Соединетите Американски Држави, Финска и Австрија, книгата успеава да го долови духот на нивното дизајнирање и важност на овие објекти. Истата грижливо ги документира објектите од период на нивното постоење до денеска и воедно ја анализира нивната еволуција и адаптирање на градот.

Линкhttps://milanmijalkovic.com/PRE-FABRIC-The-Growing-Houses-of-Skopje