Промоција на модернистичка мапа на Скопје
30.06.2019 • Информации
На ден 30-ти Јуни 2019 година, ќе се одржи промоција на Модернистичка мапа на Скопје од Blue Crow Media во склоп на Ин Ситу #6 во МКЦ.
Blue Crow Media е независен издавач насочен кон издавање на дизајнирани и внимателно уредени градски мапи, кој е основан во 2009 година од Дерек Ламбертон. Од 2015 година Blue Crow Media има објавено повеќе од 20 водичи за архитектура и дизајн, вклучувајќи ја и „Модернистичката мапа на Скопје“, „Бруталистичката мапа на Лондон“ и „Бетонска мапа на Токио“. Њујорк тајмс ги опишува мапите како „манифест за дизајн и водич за урбана архитектура”. Blue Crow Media, исто така, објавува годишен ѕиден календар посветен на бруталистичката архитектура и нова серија изданија посветена на јавните транспортни системи, која сега ги вклучува „Лондонска подземна архитектура и дизајн мапа“ и „Московска метро архитектура и дизајн мапа“ со мапи за нови градови во најава.
Автор на статија: Vase Amanito
Blue Crow Media / Modernist map Skopje / Модернистичка мапа на Скопје