Промоција на книгата „Градови за луѓе“ од Проф. Јан Гел (Jan Gehl)
20.08.2018 • Информации Литература
Извори: Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија
„Почитувани членови на Комората,
Ве покануваме на Промоција на книгата Градови за луѓе од Проф. Јан Гел (Jan Gehl) од Данска, и работилница насловена Скопје-Град за луѓе.
Книгата насловена Градови за луѓе, од Проф. Јан Гел од Данска се смета за една од најмаркантните светски дела од областа на урбанизмот, и е преведена на 35 јазици. Оваа година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија ја преведе и издаде книгата и на македонски јазик.
По тој повод, Комората, на 5 септември организира промоција на македонскиот превод на книгата Градови за луѓе, a како дополнителен настан ќе се одржи работилница насловена Скопје-Град за луѓе.
Професор Јан Гел е доајен на проектирањето на јавни простори и незаменлив филозоф кој се бави со градовите, а неговите домети се навистина глобални. Во своето 6 децениско творење, Јан Гел освен што e автор на бројни дела од областа на урбанизмот, предавал на Данската кралска академија и активно работел на урбанистичкото усовршување на Копенхаген, Ротердам, Стокхолм, Лондон, Мелбурн, Сиднеј, Сан Франциско, Сиетл, Њујорк, Москва итн.
Агендата за настанот можете да ја преземете ТУКА.
Информации за настанот:
Дата и час: 5 септември (среда), во 10.45 часот
Место на настанот: Хотел Александар Палас, Конгресна сала 3
Број на слободни места: 150
Краен рок за пријавување: 30 август 2018 год. до 12 часот
ВАЖНО: Ве покануваме да земете учество на овој целодневен настан, преку пријавување на следниот линк >“