Првонаграден конкурсен труд за станбен објект / Андонова, Мицевска
13.06.2020 • XXI век
Проектот го освои првото место на Конкурсот за избор на идејно решение за објект ГП 04.01 Јужен дел-централно градско подрачје во Скопје распишан од Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје преку Бирото за јавни набавки во декември 2019.
Автори: Елена Андонова, Натали Мицевска,
Консултант: Предраг Андонов,
Година: 2020
Локација: Јужен Булевар
ТЕХНИЧКИ ОПИС
За изработка на конкурсна документација за Идеен Проект за објект со намена А2-домување во станбени згради
1.ОПШТИ ПОДАТОЦИ:
МЕСТО НА ГРАДЕЊЕ: ГП.04.17,Градска четврт И 04, Даре Џамбаз,Општина Центар Скопје.
Согласно ИЗВОДОТ ОД ПЛАН со бр.522/2019 издаден од општина Центар, изработена е проектна документација за објект со намена А2-домување во станбени згради.
Според изводот од план, проектниот опфат е со основна класа на намена А2- домување во станбени згради, и компатибилни класи на намени:
-Б1 – мали комерцијални и деловни намени
-Б4 – деловни простори
-Б5- хотелски комплекси
-В3 – култура
-Е2 – комунална супраструктура
Максимално дозволен процент на учество на збирот на компатибилните класи на намена во однос на основната класа на намена е 40%
Градежната парцела се наоѓа помеѓу две улици: сервисна улица 3 дел од улица 11 Октомври и булевар Македонија. Колскиот пристап е предвиден да биде од сервисна улица 3.
Анализи
- ПРИРОДА НА ЗАФАТ:
Со проектот се предвидува изградба на нов објект кој ќе биде со намена А2-домување во станбени згради и Б1 – мали комерцијални и деловни намени. Се предвидува објект со две подземни нивоа,приземје и шест ката.
- ПРОЕКТНО РЕШЕНИЕ:
Проектниот концепт создава објект кој влегува во зададените урбанистички параметри и јасно ги одредува содржините, односно намените на секое ниво. Основниот принцип на решавање на објектот е формирање на џебни отвори долж максималниот волумен на објектот во правец југозапад-североисток со цел непречено струење на воздушните струи од планината Водно. Со овие продори се избегнува формирањето на условно кажано „ѕид„ кој би го задушил јадрото на градот Скопје. Се добиваат шест волумени кои се моделираат според зададените параметри на проектната програма, а се физички и визуелно поврзани со балкони на катовите. На југозападната фасада е поставен систем на засенчување заради директната изложеност на сонце.
Колскиот пристап е од североисточна страна преку сервисна улица која е поврзана со улица 11ти Октомври. Паркирањето е задоволено во рамките на парцелата со две подземни нивоа со рампи и делумно паркирање на приземје. Обезбедени се 131 паркирно место, а потребни се 114 од кои 104 места за намена А2, 6 паркирни места за намена Б1 и 4 паркирни места за лица со посебни потреби согласно Правилникот за стандарди инормативи за урабнистичко планирање. На приземјето е сконцентрирана намена Б1 со директен пристап и тоа продавница за електротехника, cowork простор, детски престој, козметички салон, мини маркет, аптека и кафуле со вкупна површина од 338м2. Продорите формираат пет пасажни премини.На приземјето се лоцирани и осум сервисни јадра од кои две се за подземните нивоа за паркирање, а шест се за станбените единици. Обезбедени се 30% еднособни/едноиполсобни станови, 40% двоиполсобни станови, 20% трособни станови и 10% поголеми станови со вкупна површина од 6476 м2. При решавањето на станбените единици водено е сметка за рационална искористеност, без нарушување на основните принципи за начинот на користење и хуманизација на просторот. На шестиот кат предвиден е зелен прооден кров од екстензивен тип кој е достапен за сите жители и корисници на објектот.
Типологија
- КОНСТРУКЦИЈА:
Конструктивното решение е систем кој потполно одговара за сеизмичките подрачја третирани во современи услови по најнови технички методи. Основниот конструктивен систем е мешовит – го сочинуваат носечки а.б. столбови со а.б. греди и а.б. платна.
Меѓукатните конструкции се рамни а.б. плочи со дебелина од 20см.Темелната конструкција ја сочинува а.б. плоча со дебелина од 80см со кристализатор за хидроизолација во завршните слоеви. Со цел оптимална енергетска ефикасност избрана е контактна фасада со термоизолационен незапаллив материјал и завршна обработка абрихт.
Системот за засенчување е од леснопенасти бетонски префабрикувани елементи анкерисувани за а.б. елементите на објектот. На југозападната фасада користено е трослојно стакло за прозорците, додека на североисточната користено е двослојно стакло. Осветлувањето е со LED светилки (и јавно светло и општо светло).
Автор на статија: Filip Koneski
ГП 04.01 Јужен дел-централно градско подрачје во Скопје / Елена Андонова / Конкурсен труд / Натали Мицевска / прво место / Станбен објект