РАЗГОВОРИ ЗА КАСАРНА: Презентација на истражувања и изложба
08.09.2022 • Изложби Информации
Ни претставува чест и задоволство да ве поканиме на првиот настан организиран од АРХРИД како колектив:
РАЗГОВОРИ ЗА КАСАРНА: Презентација на истражувања и изложба
Сабота, 17 септември, 18 : 00 | Kasarna Hub – Охрид
Охридската касарна е една од низата на напуштени пост-воени територии на кои им е потребна урбанистичка и архитектонска артикулација. Како пространа зелена површина, која стои со сета своја празнина во хетерогеноста на некогашната индустриска зона на градот, касарната претставува своевиден екосистем. Нејзината стратешка позиција во однос на новите развојни правци на градот, но и поврзаноста со негови значајни инфраструктурни линии, го носат потенцијалот за нејзината реупотреба.
„Разговори за касарна“ е првиот настан организиран од АРХРИД како колектив, а претставува презентација на академски истражувачки трудови и изложба на наодите кои се однесуваат на просторот на поранешната охридска касарна. Овој локалитет е веќе подолго време е предмет на индивидуално истражување на поедини членови на колективот, меѓутоа последните неколку месеци АРХРИД групно работи на селекција, обработка и презентација на собраните материјали. Целта на овој настан е да се подигне свеста на пошироката јавност за значењето на локацијата, да се искажат стручните ставови по однос на квалитетите на овој простор и крајно да се потенцира потребата од изработка на сеопфатна архитектонско-урбанистичка студија.
Програма на настанот:
– Обраќање на претставник од KASARNA HUB
– Претставување на Охридски архитектонски колектив – АРХРИД
– Презентација на академски истражувања, перспективи и ставови за развој на охридската касарна
– Обраќање на претседател на ААМ проф. д-р Мишко Ралев
– Отворање на изложба и коктел
– Претставување на Охридски архитектонски колектив – АРХРИД
– Презентација на академски истражувања, перспективи и ставови за развој на охридската касарна
– Обраќање на претседател на ААМ проф. д-р Мишко Ралев
– Отворање на изложба и коктел
АРХРИД е стручен колектив чии главни цели се едукација (подигнување на свеста за архитектонските и урбанистичките вредности на градот) и заштита (на постојното културното наследство, како и препознавање и вреднување на архитектонското творештво и урбаните фрагменти во градот), преку спроведување активности (во јавниот градски простор) и креирање форум (потенцирање на значењето за оформување и јавно искажување на заеднички стручен став по актуелни теми).
Автор на статија: Љубен Трајаноски
KASARNA HUB / Архрид / Асоцијација на архитекти на Македонија / Мишко Ралев / Охридска касарна