Реакција на МАРХ македонска архитектура поради користење на графички материјал вон контекст

Почитувани,

Во бурниов период на урбанистички превирања на територијата на град Скопје и особено актуелната тема за паркингот спроти хотелот „Holiday Inn“, нашата страна често се користи како извор на податоци и материјали.

Постоењето на МАРХ македонска архитектура и нејзиното основање беше предизвикано од многу непријатни случувања на домашната сцена како логична реакција и потреба, меѓутоа и како одговор на непрофесионалното известување на голем дел од новинарите и медиумите, кои во недостаток на истражувачки пристап   ги измислија термините „барок“ и „антиквизација“ кои се целосно погрешни, тендециозни и пред се лажни правејќи штета врз многу процеси во општеството.

Од тука, паралелата со денешната ситуација е употребата на графичкиот материјал кои е продуциран од страна на МАРХ македонска архитектура, за потребите на онлајн платформата „Само прашај“ на Институтот за комуникациси студии    за објавата Исчезнува последниот слободен простор во строгиот центар на Скопје“. 

 

Компјутерска визуелизација на предлог-планот на Кензо Танге

 

Материјалот го користат телевизиите, порталите и  весниците без притоа да го посочат изворот или да побараат дозвола за истото. Тоа влијаеше на општата дебата за овој простор,  па често увидувавме како  моделот на Танге, кој за нас претставува позитивен пример се користи во негативен контекст или максимата на урбанистичкиот план да се користи во служба на она што се очекува да се гради на тој простор, што создава своевиден хаос во точноста на информациите.

Затоа тимот на МАРХ македонска архитектура имаше потреба лично да се огради од ставовите на овие страни, портали и медиуми, кои без наведување на контекстот на 3д визуелизациите и монтажите ги користат материјалите без наша согласност и консултација.

 

насловна монтажа: Монтажа на 3Д-модел од ДУП Ц 08 во реални позиции