Росанда Минчева / 1928 – 2001
16.09.2024 • Автори
Извори: Градителите во Македонија XVIII-XX век – Георги Kонстантиновски; mk.wikipedia.org
Кратка биографија и достигнувања релевантни за развојот и афирмацијата на архитектурата на Росанда Минчева.
Росанда Минчева ( с. Туларе, Прокупле, Србија, 08.01.1928 – Скопје, 02.03.2001), дипломирала на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград во 1953 година на тема Архитектонско-урбанистичко решение на Бања Банска кај проф. Михајло Радовановиќ.
По дипломирањето се вработила во Заводот за урбанизам и архитектура на Народниот одбор на скопска околија каде што останала до 1955 година. Оттука преминала во проектантското биро „Архитект“ и работела до 1957 година кога бирото се трансформирало во „Македонијапроект“ каде што работела до исполнувањето на својот активен стаж во 1984 година. Во својата проектантска кариера посебно се посветила на станбената архитектура.
Од нејзиното плодно творештво позначајни остварувања се:
- 1966 – Станбената кула (П+М+12), тип „М“ од станбениот комплекс „Градски ѕид“ во Скопје (со арх. А. Серафимовски, В. Ладинска, Д. Димитров и С. Ѓуриќ);
- 1968 – Станбените блокови (П+2 – П+5) во населбата Маџари во Скопје;
- 1968 – Станбениот блок (П+4+М) на аголот на ул. „Македонија“ и ул. „Даме Груев“ во Скопје (со арх. В. Ладинска);
- 1969 – Станбениот блок (П+4) на ул. „11 Октомври“ во Скопје;
- 1972 – Станбените блокови (П+2 – П+5) во населбата Скопје Север во Скопје;
- 1972 – Станбените блокови (П+3 – П+4) во населбата Ѓорче Петров;
- 1976 – Станбените блокови (П+3 – П+9) во населбата Јане Сандански во Скопје;
- 1981 – Станбената кула (П+7) на ул. „Рузвелтова“ во Скопје (со арх. М. Сидовски);
- 1983 – Дел од станбените објекти од Градската порта на Скопје (со арх. Д. Димитров);
- 1984 – Станбениот комплекс „Порта Влае“ (П+6 – П+12) во Скопје (со арх. Д. Димитров, Ј. Поп-Трајков и С. Апостолски).
Нејзините проектантска активност била забележителна и на полето на детските градинки и училишните објекти. Од нив позначајни се:
- 1966 – Детската градинка „Весели Цветови“ во Скопје (со арх. Љ. Врангалова);
- 1970 – Детската градинка „11 Октомври“ во Скопје;
- 1971 – Детската градинка „Боца Иванова“ во Скопје;
- 1972 – Детската градинка во населбата „Карпош IV“ во Скопје;
- 1966 – Средноекономското училиште „Моша Пијаде“ во Скопје (со арх. Љ. Врангалова).
Проектирала и објекти и од административен карактер, од кои посебно се издвојува:
За својата плодотворна дејност на полето на архитектурата била овенчана со двете најреномирани награди:
- 1978 – 11-ти Октомври, национална награда за уметност и архитектура,
- 1992 – Големата награда на САМ за станбениот комплекс „Порта Влае“ во Скопје.
Автор на статија: Martina Shteriova
Биографија / градителите во македонија / Македонски архитекти / Росанда Минчева