Повик за патувачка академија „ SEE TOGETHER “
12.04.2022 • Информации
Техничкиот универзитет од Берлин организира работилница ( академија ) под слоганот „SEE together“ во Скопје и Приштина. Истата ќе се оддржи од 4 – 8 јули на тема интегрирано урбанистичко планирање во Југоисточна Европа.
Градовите во овој дел на континентот се случуваат со многубројни предизвици во полето на заштитата на културното наследство, јавниот превоз, соцјалната кохезија, одржливоста и економскиот развој.
Патувачката академија има за цел да ги обедини на едно место инволвираните струки од Германија и локалните чинители со цел да се доближат и запознаат меѓусебно за ситуацијата на терен.
Марх македонска архитектура ќе биде дел од овој настан преку своја презентација и запознавање на учесниците за локалните проблеми и сопствената мисија на домашната сцена.
Настанот ќе се одвива на англиски јазик и според препорачаните ковид мерки. Заинтересираните за присуство и учество, можат подетално да се информираат во продолжение од официјалниот повик и информации доставени од организаторите >>>
Автор на статија: Filip Koneski
Косово / Македонија / Приштина / Работилница / Скопје / Технички универзитет од Берлин