Првиот Архитектонски водич на Скопје / Skopje an architectural guide
15.02.2021 • Информации Литература
Година и место на издавање: 19.12.2009, Скопје
Автор(и) на прирачникот : д-р Дивна Пенчиќ, д-р Инес Толиќ, м-р Билјана Стефановска, Соња Дамчевска
Соработници: Борка Стрезовска, Билјана Спиркоска
Издавач: Коалицијата за одржлив развој КОР
Дизајн: м-р Билјана Стефановска
Првиот Архитектонски водич на Скопје (Skopje an architectural guide) издаден во 2009 година претставува еден од првите сериозни обиди да се организира, документира и претстави во вид на водич архитектонското наследство на Скопје. Водичот, без оглед на неговите мали димензии (17 x 15 см), успева да групира и понуди еден вид на “crash course” за архитектонското наследство во градот. Истиот ги нуди сите потребни податоци за претставените објекти: фотографија, краток опис, интервенции, локација и градител. Со ова на читателот/туристот му се пружаат сите основни информации за тој истиот да може да го разбере контекстот и историјата на градот. Секако како што напоменуваат и авторите за самиот водич тој не се смета за завршен продукт.
„Овој водич треба да се сфати не како завршен продукт, туку како процес, кој е почнат, кој ќе трае и понатаму ќе треба да се интензивира. Тој нема претензии да е совршен, туку да биде поттик за изработување на нови, подобри и побогати изданија.
Објекти од средновековениот период ©Skopje an architectural guide
Објекти од отоманскиот период ©Skopje an architectural guide
Во водичот се претставени четири археолошки и урбани локалитети – Стоби, Кале, Аквадуктот и Старата чаршија и 102 објекти, кои се хронолошки поделени во три периоди: средновековен и ренесансен 12 – 19. век (цркви, манастири,16 објекти), отомански период 15 – 19. век (14 објекти) и така наречен модерен период кој го опфаќа целиот 20ти век (72 објекти).
Објекти од модерниот период ©Skopje an architectural guide
Согласно поделеноста во периодите, објектите се означени со сопствен код по период и на крајот од книгата се прикажани на три мапи каде се лоцирани. Објектите во овој прв Архитектонски водич, печатен на англиски јазик, чиј издавач е Коалицијата за одржлив развој КОР, се хронолошки прикажани, а изборот е направен според намената, знаењето, како и контекстот на зданијата кои претставуваат соодветен архитектонски одговор на времето што го претставуваат.
Мапа на објектите ©Skopje an architectural guide
Преку регистрација водичот може да се погледне на следниов линк.
Автор на статија: Мартин Ефремовски