„Скопје: Град, Архитектира и Уметност на Солидарноста “ – изложба во Краков

Отворање: 9 Јули2019

За Меѓународниот културен центар (МКЦ) од Краков не е првпат да ги открива богатствата на полската уметност, во овој случај пронајдени во главниот град на Македонија – Скопје. Во 1963 година трагедијата на овој град кој остана во рушевини од земјотресот на 26ти Јули во раните утрински часови, го шокираше целиот свет. Полска понуди помош во обновата на градот, додека искуството на архитектите кои претходно ја изградиле Варшава се покажа како непроценливо. Полската влада го финансира и дизајнот на Музејот на современата уметност кој постана дом на дела од уметници од целиот свет, донирани за Скопје преку гестот на солидарноста.

 

Меѓународниот културен центар од Краков и Музејот на современа уметност во Скопје (МСУ) ја организираа изложбата „Скопје: Град, архитектура и уметност на солидарност”, која е прва сеопфатна презентација посветена на македонскиот главен град Скопје – 20тиот век од неговата историја и претходно непознатите односи со полската уметност, архитектура и урбанистичко планирање. Настанот e фокусиран на приказната за реконструкцијата на Скопје по трагичниот земјотрес од 1963 година и на исклучителните гестови на солидарност на голем број земји и организации длабоко поттикнати од огромната загуба и страдање што го доживеаја Македонците.

Изложбата беше инспирирана од работата и посветеноста на Kinga Nettmann–Multanowska и амбасадорот Jacek Multanowski, кои за време на нивниот престој во Скопје спроведоа внимателна потрага на полските траги во македонскиот главен град. Тие ја откриле заборавената уникатна колекција на полската уметност од 20тиот век, складирана во Музејот на современата уметност во Скопје, колекција која уметниците ја донирале по земјотресот со гест на солидарност – појаснува Agata Wąsowska-Pawlik, ко-куратор на изложбата и директор на МКЦ – Краков. За полската јавност изложбата ќе биде вредна и како потсетник за животот и работата на полските архитекти и урбанистите кои учествуваа во обновата на Скопје. 

Полјаците кои го обновија Скопје

На 26ти Јули 1963 година земјотресот уништил дури 80 отсто од Скопје, обем на катастрофата која го шокира целиот свет. Полскиот главен град е првиот град што беше речиси целосно уништен од Втората светска војна, па тоа било причина полските архитекти и урбанистички планери да се назначат за оваа работа поради нивното драгоцено искуство во реконструкцијата и обнова на урнатиот град Варшава. Изложбата ќе ја раскаже приказната за личности како Адолф Циборовски (1919-1987), кој беше назначен од Обединети Нации за надгледување на процесот на обновата, урбанистичкиот планер и архитект Станислав Јанковски (1911-2002), шеф на полскиот тим кој го изработи планот за обнова, како и групата од тројца архитекти “Тигри”, која го дизајнираше Музејот на современа уметност: Вацлав Клишевски (1910-2000), Јержи Мокшињски (1909-1997) и Еугениуш Вјежбицки (1909-1991).

Најинтригантниот европски град

Скопје како град на иднината ги прифаќа и применува најиновативните урбани идеи. Благодарение на визионерските концепти, олицетворени во планот за центаралното подрачје на градот проектиран од познатиот јапонски архитект Кензо Танге, Скопје постана едно од најинтересните архитектонски обележја во Европа. Проектиран како најсовремен, космополитски и модернистички град на Балканот со бруталистичка архитектура од највисок квалитет, успеа да ги покрие рушевините што останаа од земјотресот со извајани футуристички форми. Напорите за повторно градење се толкуваа како уште една фаза во процесот на национално и општествено ослободување, што се одбележа како клучен дел од македонската историја.

 

Непознато богатство на полската уметност

Голема предност на оваа изложба е можноста за полската публика за прв пат да видат избор на најистакнатите дела од збирката на 200 уметнички дела донирани од Полска за новиот музеј на современа уметност во Скопје. Слики во техника масло на платно/ слики во уљана техника претставуваат водечки трендови на полската уметност од 60тите – пост-колоризмот, геометриската и алузивна апстракција и рељефно сликарство.  Најголем дел од делата се собрани со помош на Здружението на полски ликовни уметници во неколку фази помеѓу 1963 и 1967 година. Автори се уметниците како Јан Бердишак, Тадеуш Бжожовски, Киејстут Брежињски, Јан Цибис, Алфред Леница, Тадеуш Доминик, Јежи Новошиелски, Хенрик Стажевски, Тереса Паговска, Анджеј Струмило и многу други дела кои беа донирани во гест на солидарност од страна на полскиот уметнички свет. Имено, слични чувства изрази и меѓународната заедница, а полската колекција го дели музејскиот простор со најистакнатите претставници на глобалната уметност, како што се Пабло Пикасо, Александер Кaлдер, Ники де Сен Фал, Ханс Хартунг и Виктор Вазарели.

Мултимедијална изложба

Изложбата е наменета за публиката од сите возрасти, како за љубителите и истражувачите на полската архитектура и урбанистичкото планирање, така и за оние кои се заинтересирани за непознати збирки на сликарство и скулптура. Овој сеопфатен приказ прикажува 70 уметнички дела од сферата на сликарството, скулптурата и графиката. Ексклузивна вредност на изложбата е големиот избор на фотографии, документарни филмови, архитектонски модели и урбанистички планови. Имено, на преминот од 2018 кон 2019 година, Музејот на модерната уметност (МоМА) во Њујорк, ја организираше изложбата „Кон бетонската утопија: Архитектурата во Југославија 1948-1980“, изложба која ја истражуваше уникатната разновидност на архитектура во Југославија во периодот од 1948-1980 година и нејзиниот специфичен, но повеќедимензионален карактер. Скопје беше еден од клучните градови на овој настан, додека неколку објекти и модели прикажани во Њујорк ќе бидат презентирани и во МКЦ Краков.

Изложбата ќе биде отворена од 10 јули до 20 октомври 2019 година во Галеријата на Меѓународниот културен центар во Rynek Główny 25, Краков.

 

Изложбата ќе биде придружена со компатибилна програма и поврзани настани, за кои повеќе може да се дознае на следниот линк: http://mck.krakow.pl/

 

 

Концепт на изложбата:  Agata Wąsowska-Pawlik, Łukasz Galusek

Куратори: Monika Rydiger, Agata Wąsowska-Pawlik

Кураторски соработници: Владимир Десков, Łukasz Galusek, Јован Ивановски,
Kinga Nettmann–Multanowska, Павел Вељаноски, Јасмина Намичева

Автори на текстови: Ана Ивановска Дескова (AID), Łukasz Galusek (ŁG), Јован Ивановски (JI), Владимир Десков (VD), Monika Rydiger (MR), Павел Вељаноски (PV), Agata Wąsowska-Pawlik (AWP), Michał Wiśniewski (MW)

Дизајнер на изложбата: Rafał Bartkowicz

Организација и координација: Karolina Wójcik, Благоја Варошанец, Јасмина Намичева

Соработници: Anna Śliwa, Katarzyna Bilska, Kinga Nettmann–Multanowska

Уредување и лектура на полски текстови: Anastazja Oleśkiewicz

Превод на англиски и уредување: Jessica Taylor–Kucia, Nicholas Hodge

 

______________________________________________________________________

Организирано од: Меѓународниот културен центар од Краков, Музеј на Современа уметност од Скопје

Партнери: Музеј на град Скопје

Финансиска подржка: The Ministry of Culture and National Heritage and the Municipality of Krakow

Медиумски партнери на изложбата Скопје: Град, архитектура и уметност на солидарност: Polskie Radio Program 2, “Do Rzeczy”, “Dziennik Polski”, “ARCH”, “Architektura Murator”, “New Eastern Europe”

Постојани медиумски партнери на МКЦ: TVP 3 Kraków, Radio Kraków Małopolska, “Karnet”, “In Your Pocket”, Polski Portal Kultury O.pl, “Herito”, AHICE

Медиумски партнер на програмата Mature for Art: “Głos Seniora”

Медиумски партнер на образовната програма за деца: Czasdzieci.pl, #muzealniaki