Скопје ја реоткрива Парк шумата „Гази Баба“
Во неколку наврати сме говореле за Парк шумата „Гази Баба“, нејзината исклучителна вредност за градот но истворемено и неоткриениот потенцијал за рекреација на жителите на Скопје. Неверојатно е огромен процентот на жители на градот кои никогаш не биле во овој скопски парк.
За ова има повеќе причини, една од нив е урбанизмот и менаџирањето, како и недоволно вклучувањето на овој простор во градскиот живот преку настани и случувања.
Вчера се случи веројатно и прв ваков настан, каде беше откриен скопскиот „Вудсток“ според говорот на Влатко Стефановски, кој на својот настап во склоп на Пикникот организиран од Мисијата на Европска Унија во Скопје, изјави дека прв пат во неговиот живот доаѓа на овој простор. Многумина беа изненадени до ниво на неверување каков парк се крие во градот кој не доволно го живееме.
Во тој контекст, би спомнале дека за овој простор е потребен конкурс, во кои ќе се третира неговото поврзување со сите населби кој го опкружуваат, потоа ќе му се додадат содржини и точки во внатрешноста кои ќе предизвикаат движење и збогатување на програмата.
Сообраќајното поврзување, достапноста и обезбедувањето на паркинг простор во неговото подножје се исто така теми кои треба да бидат одговорени преку еден ваков отворен повик за визии за Парк шумата „Гази Баба“.
фото: Филип Конески
Автор на статија: Filip Koneski
Гази Баба / Зеленило / Парк шума / реоткривање / Скопје / Урбанизам