Скопје на новата генерација

Исклучително моќната структура на главната пошта, нејзината форма и архитектонски стил се симбол на реконструкцијата по силниот земјотрес во 1963 година и една од најсилните обележја на градот Скопје!

По повод 60 годишнината, Europe House Скопје го објави архитектонскиот конкурс „Скопје на новата генерација“. Бидејќи градот на солидарноста треба да го живеат и идните генерации, Europe House не случајно го избра овој објект од значајно културно наследство да го прослави својот 4 роденден.

Патот кон одржлива иднина на главниот град преку идејните решинија на младите архитекти и урбанисти ќе бидат изложени во шалтерската сала на Пошта Скопје. Победниците на конкурсот ќе бидат свечено прогласени од Амбасадорот, Дејвид Гир.

Роденденската програма ќе ja отвори мешаниот хор “Драган Шуплевски” при ФМУ – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје , под диригентската палка на проф.м-р Сашо Татарчевски, а ќе ја заокружат еклектичните звуци на Антоние Весковски.

Извор >>>

 

Автор на статија: