СКОПЈЕ СВЕТСКИ ГРАД – предавање на Луис Вивес
24.09.2018 • Информации
Програмата на настанот вклучува предавање на реномиран професор и архитект Луис Вивес од Барселона и на домашни гости кои ќе говорат на темата одржлив развој на градовите од свое лично искуство.
Живеејќи во Скопје 55 години по земјотресот во 1963, градот се развива неодржливо, соочувајќи се со сериозни проблеми: презаситеност, масовна централизација, непланирано и неконтролирано градење, екстремно загадување на воздухот и животната средина и несоодветна културна понуда и програма на градот.
СКОПЈЕ СВЕТСКИ ГРАД е повик за акцентирање на околината во која се наоѓа архитектонската зграда и нејзиното влијание врз урбаната средина, зеленилото, пешачките и велосипедските патеки, просторите за детска игра, прошетките за повозрасните, погледите на луѓето и слично.
Настанот ќе заврши со коктел за присутните гости и посетители.
Автор на статија: marh
Луис Вивес / МЕЛЕЕМ / Предавање / Светски град / Скопје