Слики од градовите во македонската колекција на икони / Филипова

Ви го презентираме резимето од истражувањето на проф. д–р Снежана Филипова која ги разработува претставите на архитектурата и градовите во македонската колекција на икони.

 

Обично коментарите и забелешките што се однесуваат на иконите содржат опис, стилски забелешки и објаснување на иконографијата. Но, подеднакво важен дел од иконата е архитектонскиот контекст на насликаната светечка фигура, фигури или празник што најчесто се третира од страна наистражувачите како секундарен елемент подреден на темата. Последниве години неколку големи имиња во историјата на уметноста го докажуваат подеднаквото значење на архитектонскиот контекст на иконите и светците. Дури, Слободан Чурчиќ архитектурата ја разбира како икона.

Третата димензија во визуелните уметности во Византија е позната но се користи ограничено во декоративните уметности. Во историјата на иконописот постои тенденција за употреба на обратна перспектива. Како можно објаснување Заистата е креирање на илузија дека претставите се зголемуваат во далечината. Се создава впечаток дека претставените фигури ги гледа одозгора или опколува самиот Бог, на тој начин алудирајќи на неговата сеприсутност.

 

 

 

Распетие, мајстор Михајло, 19 век, црква Богородица Болничка

 

 

 

Во однос на плановите се сликаат еднобродни и тробродни цркви, како и едноставни прави ѕидови, и ѕидови мостови кои ги поврзуваат градбите од левата и десната страна, со кули, цибориуми и портици украсени со капители од кои некои имаат форма на човечки глави (маски) или цели фигури-колоси. Во поствизантискиот период црквитесе високи со многу високи портици и кули, а се сликаат и полиаголни цркви и ротонди (најчестокога се сликаат Св Петар и Св. Павле, тие држат модел на ротондална црква во рацете). Зидовите зад фигурите го претставуваат Небесниот Јерусалем и може да имаат кули, како и гледачи од прозорите, дури и моногроматски ситни суштества (фигури) кои летаат.

 

 

 

Воведение на Богородица во храмот, 2/2 14 века, процесиска икона (на другата страна Богородица Перивлепта)

 

 

 

Кај иконите со тема празници, архитектурата може да биде поставена околу фигурите или сцената, или од лево кон десно, или повторувајќи го истиот агол и позиција на фигурите. Балдахинот најчесто служи да ја нагласи владарската улога или небесниот аспект на ликот кој седи под него или целиот настан, како на пример Причестувањето на апостолите или Воведение на Богородица во храм.

 

 

 

Благовештение, ран 14 век, процесиска икона (на другата страна Богородица Психосострија)

 

 

 

Во Хлудовиот Псалтир е претставена една од најважните византиски иконографски теми, идентификацијата на Богородица со Црквата. Заднејзиниот трон се прикажани вратите на Рајот. Мисгиш зборува за значењето на тронот на Богородица како олтар во Благовестите на Св. Ѓорѓиво Курбиново. Шаторот (табернаклот) со купола обично се претставува зад Богородица и ја претставува Црквата, а базиликата позади анѓелот во Благовестите е Небесниот Јерусалем.

 

 

 

Благовештение, детаљ на тронот и палатата позади Богородица, фреска, Св. Ѓорѓи, Курбиново, 1191

 

 

 

Индикацијата на Небото (рајот) односно небесниот дом во континуитет се изразува со школка, која претставува купола односно куполна градба,како што се користело и во ранохристијанскиотпериод. Постои видлива тенденција кон декора-тивен пристап и полихромија на градбите. Ѕидовите се украсуваат со ситни флорални елементи. Црвената завеса добива мали сонца и цветови иги поврзува градбите како еден вид мост, а самите градби се дел од првиот и вториот план на иконата. Завесата во храмот како тело Христово станува слика на неговата жртва и еден од највлијателните и најраширени симболи во христијанската култура. Тронот на Исус и Богородица почнуваат да наликуваат на палата.

 

 

 

Благовештение, сликар Јован Теодоров од Грамоста, 1535 година

 

 

 

Од 15 век започнува процес на поедноставување. Небесниот Ерусалем се прикажува како мала црвена куќа со црвена завеса или купола, пред чија мала порта стои Богородица и им помага на душите на мартирите да влезат и да се сместат. Деловите од градовите и градбите што се прикажуваат се современи на времето кога иконата е сликана. Се зголемува бројот на цибориуми и кули, а градбите имаат живи бои, обично црвени, или сини.

 

 

 

Воведение на Богородица во храмот, 1730, сликар Давид од Селенице, Битола

 

 

 

Благовештение, Царски Двери, крај 14 века, Св. Константин и Елена, Охрид

 

 

Авторот го сподели целосниот текст на својот профил на порталот academia.edu каде може да го прегледате или превземете во пдф формат.

Линк кон текстот