„Созревање“ / Константиновски

Автори: Валентино Констаниновски

Издавач:  Самоиздадена

Година на издавање: 2011

Страни: 90

Тираж: 1000 примероци

Рецензија: проф. Мартин  Гулески

 

Во денешната објава ви го презентираме каталогот на проекти, изведби и концепти од архитектот Валентино Константиновски под наслов „Созревање“ / „Maturation”.

Оваа книга, форматирана во строг квадратен 1:1 формат бележи 25 проекти со различна намена. Во рецензијата за книгата, професорот Мартин Гулески наведува:

„Кога созревањето ќе достигне одредено ниво, потребата за свртување кон изминатиот творечки пат, значи рекапитулар на создаденото, негово ново осознавање како поттик за натамошно чекорење и себенаоѓање меѓу фантазијата и реалноста.

„Изборот на дваесет и петте архитектонски дела настанати во изминатите седумнаесет години творештво се израз на целовита професионалност во архитектонското мислење и делување. За специјалистите тоа е однос кој отвора нови можности во освојувањето на просторот, за останатите тоа е однос кој воспитува и образува, кој гради култура на погледот кон архитектурата, или тоа е однос кој го издигнува дигнитетот на архитектонското творештво на ниво, коешто му припаѓа на творештвото воопшто.“

Авторот во својот осврт дава свој поглед на процесот на созревање и како во неговите очи го дели своето творештво на три епохи: 5 годишнина – ВИЗИЈА, 10 годишнина – МЕТАМОРФОЗА, 17 годишнина – СОЗРЕВАЊЕ

 

 

По ова следи изложување на проектите, најпрвин преку архитектонски визуелизации, но и преку карактеристичните основи, пресеци и дијаграми.

Ви проследуваме неколку од проектите во оваа книга, со надеж дека ќе вроди со желба кај читателот да ја најде оваа книга и да се запознае повеќе со творештвото на Константиновски:

 

1. Катна гаража со деловни простории на ул. „Даме Груев“
Година: 2010
Тип на објект: Катна гаража со деловни простории
Локација: Центар, Скопје

 

 

2. Универзитет за Информатички технологии
Година: 2008
Тип на објект: Општествен објект
Локација: Аеродром, Скопје

 

 

3. Природо-научен музеј
Година: 2008
Тип на објект: Општествен објект
Локација: Матка, Скопје
Овој објект можете детално да го погледнете и на нашата објава за истиот.

 

4. Основно училиште
Година: 2008
Тип на објект: Општествен објект
Локација: Влае, Скопје

 

 

5. Комплекс „МИ-ДА“
Година: 1998
Тип на објект: Станбено-деловен комплекс
Локација: Карпош 2, Скопје

 

 

Оваа книга беше промовирана на отворањето на истоимената изложба “СОЗРЕВАЊЕ” која беше одржано на 17-ти Февруари 2011 година во Музеј на град Скопје. Во продолжение проследете го видео прилогот кој е направен по повод отворањето на изложбата.