Станбен комплекс East Gate Living во Скопје
05.09.2024 • XXI век

Периодов започна вселувањето во новиот станбен комплекс на East Gate Living во Скопје. Според првичните презентации, ова треба да е првата фаза по која следуваат други во делот на изградбата.
Сателитска снимка / Google earth
Она кое можеме да го констатираме од посетата на комплексот е примерно урбанистичко планирање во поглед на сообраќајното решение, височините на објектите, нивното растојание, современ архитектонски јазик и доволно јавен простор за рекреација меѓу блоковите со содржини за детска игра, урбана опрема и зелени површини.
Сепак, ниту еден станбен и трговски комплекс, не може да ја замени загубата на Скопскиот Саем како функција, позиција и архитектонско наследство.

Автор на статија: Filip Koneski