Станбен комплекс во Тетово на местото на Градски парк

Извор: www.facebook.com/tetovosakapark
Насловна фотографија: www.facebook.com/tetovosakapark

 

Кон крајот на минатата година Советот на Општина Тетово ги променил Деталниот урбанистички план (ДУП) и Генералниот урбанистички план (ГУП). На местото на поранешен Монопол се предвидува изградба на станбен комплекс со 2000 станови. Тетово е еден од градовите во државава којшто не располага со градски парк според урбанистичките пропорции.

Поради таа причина се појавува иницијативата „Тетово сака парк“ која се залага Тетово конечно да добие свој градски парк и е широко поддржана од жителите и јавноста.

„Иницијативата „Тетово сака парк” предлагаше за просторот на поранешниот „Монопол“ да се изменат Генералниот и Деталниот урбанистички план и да се утврди намена Д – паркови и зеленило. Ваква одлука носи Советот на општината и за таа постапка ќе беа потрошени 0 денари. Потоа постепено во неколку чекори фазно ќе се водеше постапка и ќе се изградеше градскиот парк како општоприфатена најголема потреба на граѓаните за спорт, рекреација и социјализација.“ – „Тетово сака парк“

 

 

 

Веднаш по донесувањето на новите урбанистички планови државното земјиште е отуѓено, односно продадено на поединци за 7.000 евра. За ова евтино продавање на земјиштето постои изговор дека продажбата е направена уште од претходната влас, додека пак моменталната власт само ја спроведува по закон и прави дооформување на парцелите.

„Земјиштето продадено на Тетовскиот монопол со површина од 6.000 метри квадратни, кое според реакциите е продадено под соодветната цена, не е одлука на сегашниот состав на општината, туку неговото потекло датира од 2014 година.“ – Билал Касами / alsat.mk

„Апелираме до советниците, пред да биде предоцна, веднаш да се суспендираат одлуките за промена на ГУП и ДУП за просторот на тетовски „Монопол“ и да се интензивира процесот на изработка на нов, современ Генерален урбанистички план за Тетово, процес кој е во тек, но се одолговлекува. Притоа бараме да се вклучи вистинска стручна и општа јавност, а не да се тактизира во сомнителен, неинклузивен процес во интерес на нечиј џеб. Додека не се усвои нов Генерален урбанистички план апелираме да престане парцијалното менување на ГУП и носење на изменети детални планови, бидејќи од далеку се гледа огромната штета по јавниот интерес која се предизвикува за некој да се богати.“ – Тетово сака парк

Касами најави дека наскоро ќе почне изработка на нов ГУП за Тетово.

 

Автор на статија: