Стари Бањи – Бањиште / XVIII век

Период: 1798-1799г.

Локација: с. Бањиште, Дебар

Ктитор:  Хаџи Муџидин Илхами

Извор: mk.wikipedia.org; Студија за спа туризам во Република Северна Македонија, Туристика, Скопје; 

 

Дали сте знаеле дека впрочем во Македонија има оригинални турски бањи кои се уште се во употреба. Станува збор за два релативно мали објекти, изградени на самите термалните извори во с. Бањиште, блиску до Дебар. Иако се стари повеќе од 200г. нивните базени се уште се користат како дел од спа комплексот на Дебарски бањи – Цапа.

Објектите се наоѓаат северно од Дебар, блиску до границата со р. Албанија, на самото подножје на планината Крчин. Овој регион отсекогаш бил богат со термални води кои секогаш биле користени од локалното население, и кои секогаш имале лековита и помалку магична конотација.

 

 

 

Бањите во денешниот контекст 

 

 

 

Во долниот објект е пронајдена бигорна плоча која вели дека бањите биле подигнати помеѓу 1798-1799г. од страна на Хаџи Муџидин Илхами. Тој изградил два засебни објекти од делкан камен, од кои горниот има два а долниот една купола. Внатре среќаваме и два базени за капење со термалните вода.

 

 

 

Надворешен изглед на долниот објект / извор, автор: Стојан Стојановски

 

 

Надворешен изглед на горниот објект / извор, автор: Стојан Стојановски

 

 

 

Објектите се градени од камен и имаат скромна архитектура на која сепак ги забележуваме карактеристиките на отоманскиот стил од периодот. На надворешноста не среќаваме никакви орнаменти, во внатре околу ѕидовите се нанижени ниши со полукружни и прекршени лаци.

Со цел да ја задржат топлината во себе градбите имаат само минимални отвори. Ова вклучува тесни сводни портали и мали зенитални прозорци на врвот на трите куполи.

 

 

 

Куполата во првата просторија на горниот објект / извор, автор: Стојан Стојановски

 

 

 

 

Куполата и базенот на долниот објект / извор, автор: Стојан Стојановски

 

 

 

Јасно се забележува дека камените ѕидови претрпеле низа санации за да се спречи нивно распаѓање. Но иако ова не е соодветна конзервација, некако допринесува на стариот амбиент и импровизираниот, автентичниот и практичниот однос кон ова културно наследство. Подовите, долните делови од ѕидовите и горниот базен, изгледаат како да се неодамна реконструирани со цел да можат да обезбедат услови за современа употреба.

 

 

 

 

Првата просторија на горниот објект / извор, автор: Стојан Стојановски

 

 

 

 

Базените, иако не интензивно секогаш останале активни. Во периодот помеѓу двете светски војни целиот се гради првиот хотел во Бањиште и местото почнува да се развива за спа туризам. Во децениите подоцна се развива и целиот дебарски регион и се гради хотелот Бањиште веднаш до старите бањи.

 

 

 

Бањите во 1920-тите

 

Историски фотографии од бањите / извор:  mk.wikipedia.org

 

 

 

Старите бањи, хотелот Бањиште, па и соседниот комплекс Косоврасти, денес се под сопственост на Дебарски бањи – Цапа и се отворени за спа третмани и сместување.

Прошетајте се низ старите бањи на следниот линк.