Стоковна куќа ”Мост”/фотогалерија/

Објект: Стоковна куќа ”Мост”

Автор:  Тихомир Арсовски

Година на изведба :  1977

Локација:  ул. ”Архиепископ Ангелариј”, Скопје

Фотографии: Борис Јурмовски  /2025/

 

 

 

Изведена на мостовска платформа, стоковна куќа Мост претставува точка на поврзување на Старата скопска чаршија и центарот на град Скопје.

Волуменски и со материјализацијата се поврзува кон традиционалните вредности на народната архитектура, како специфична компонента на македонската архитектура кон крајот на 20тиот век.

Со изумирањето на стоковната куќа како типологија, функционално претрпува промени од првичната намена и денес претставува образовна институција.