„Stories About Designing“ од архитектот Кристоф Фелгер на АФС
02.12.2015 • Информации
“Самиот факт што не можеше да не собере во амфитеатарот, кажува тоа колку младите архитекти во Македонија се гладни за нови знаења и погледи кон архитектурата,,
Фотогалерија : ,,Приказни за проектирањето” од Кристоф Фелгер (David Chipperfield Architects)
Материјалот го приложија и обработија: Ноеми Чаусидис и Антонио Грујевски
Архитектонскиот Факултет повторно беше домаќин на уште едно од серијата вечерни предавања, насловено „Stories About Designing“ од архитектот Кристоф Фелгер, дизајн директор и партнер во архитектонското биро David Chipperfield Architects во Берлин.
Предавањето го започна говорејќи за значењето и текот на дизајн процесот. А потоа не воведе во структурата, начинот на работа и проектите на нивното биро. Преку проектите за зградата на Toyota Auto Kyoto во Јапонија, River and Rowing Museum во Англија и Neues Museum во Берлин, не запозна со начинот на фукнционирање на нивната компанија, како и некои од нивните теории и насоки во работењето.
Низ неговите презентирања честопати се навраќаше на важноста на контекстот и негово надоврзување, безразлика дали е локалната архитектонска традиција во Англија, целосните урнатитни во Берлин, или едноставно во недостаток на физички референци и насоки, надоврзувањето кон природата и топологијата.
Во вториот дел од предавањето тој детално го објасни процесот на дизајнирање на седиштето на козметичката кооперација Amore Pacific во Сеул, Кореја, но исто така и не внесе во предизвиците и препреките во комуникацијата и реализацијата на еден проект од волкав размер.
Предавањто на Кристоф Фелгер, им овозможи на младите архитекти одблизу да се сретнат со инспиративната работа на ова големо биро и да ги согледаат нивните проедизвици, кои не отскокнуваат драстично од рамките на типчното, но содржат голема детерминираност и креативност во делот на нивното решавање.
Автор на статија: marh